Варењето на макарони и шпагети изгледа како навистина лесен процес, но многу работи може да се погрешат во текот на истиот.

Откријте во продолжение го да го спречите нивното залепување и како може да ја употребите водата во која сте ги вареле, како и најважното, 5-те грешки кои сите ги прават при варењето на вкусните и омилени тестенини на сите:

1. Употребувате премал сад за варење

Кога станува збор за приготвувањето на тестенините, големината на садот во кој истите ќе се готват, е навистина важна. Важно е да ги варите во голем сад со доволно вода, бидејќи во текот на варењето, тестените се зголемуваат и им е потребен поголем простор.

2. Прерано ја солите водата

Според експертите, треба да посолите кога водата ќе зоврие- точно пред да ги ставите тестенините, бидејќи на овој начини, истите подобро ќе ја апсорбираат солта.

3. Додавате масло за готвење во водата

Многу луѓе додаваат масло за готвење во водата, бидејќи слушнале дека така тестенините нема да се залепат. Но, овој проблем може да го решите доколку истите ги мешате од време на време, во текот на готвењето. Избегнувајте го додавањето на маслото, бидејќи ќе создадете мастен слој врз тестенините, поради кој пак, сосот подоцна нема да може добро да се измеша со истите.

4. Ги прецедувате тестенините

Со оваа постапка, всушност го прецедувате вкусот и природното нишесте кое се наоѓа во водата со тестенините. Наместо да ги прецедеувате, директно сервирајте ги, употребувајќи вилушка или лажица со дупки.

5. Ја фрлате водата, во која сте ги вареле тестенините

Големо количество од претходно споменатото нишесте останува во водата по варењето и светските говачи советуваат, дека токму со таа вода треба да го приготвите сосот за тестенините. А токму поради ова може да заборавите на додавањето на брашното.