Оставањето на замрзнато пиле на шанкот цел ден, туширањето со претопла вода или задржувањето на кивањето- некои од нас толку често ги прават овие навики на погрешен начин, што веќе погрешјата реакција е дури автоматска.

Нашите секојдневни постапки се исполнети со мали ритуали и навики за кои мислиме дека нè прават да се чувствуваме поудобно, но, всушност, тие кријат нешто поштетно. На пример, ароматичното прво кафе што наутро може да го наурши хормоснкиот баланс или светлината на телефонот пред спиење може да го наруши квалитетот на сонот.

Во продолжение откријте кои 5 навики ги правиме погрешно и кој е правилниот начин

1. Одмрзнување на месото на собна температура или во топла вода

Кога луѓето брзаат, имаат навика да земат го извадат замрзнатото месо од замрзнувачот и да го стават во топла вода, за да истото брзо се одмрзне. Но, овој метод не е безбеден, исто како и навиката да го оставите месото да се одмрзнува на собна температура цел ден додека сте на работа. Штом месото ќе стане потопло од 10°C, сите бактерии што биле таму пред замрзнување, почнуваат да се размножуваат.

Што да направите:

Користете го вашиот фрижидер: Ова ќе потрае подолго, па затоа готвењето треба да се испланира однапред.

Користете ладна вода: Осигурете се дека месото е добро запакувано во амбалажа која е отпорна на протекување, така што нема да се апсорбира вода. Потопете го место обвиткано во амбалажата во ладна вода од чешма и не заборавајте да ја промените  водата на секои 30 минути.

Користете микробранова печка: Со овој метод бидете внимателни, бидејќи некои делови од месото можат да станат потопли и да започнете да се готват додека се уште во микробрановата печка. После процесот на одмрзнување, гответе го месото веднаш.

2. Со часови гледаме во нашиот телефон надолу со наведната глава

Телефоните се најпопуларните паметни уреди, а начинот на кој ги држиме истите, директно влијае врз нашето здравје. Држејќи го телефонот спуштен подолу, во близина на градите и притоа долго време со свиткување на вратот, резултира со нешто што се нарекува „текстуален врат“. Оваа позиција не само што воопшто не влијае врз опуштање на вратот, туку може да предизвика и негово вкочанетост, болка, мускулна слабост и главоболки.

Што да се прави:

  • Поставете го вашиот телефон на нивото на очите.
  • Правете паузи од неговото користење телефоните и протегнувајте го вратот.
  • Одржувајте добро држење на телото.

3. Не користиме ладна вода на крај од туширањето

Иако ладниот туш не ви изгледа пријатен, оваа навика носи со себе бројни здравствени придобивки. Наизменичната топла и ладна вода ќе ви помогне да ја подобрите циркулацијата на крвта, лимфниот проток, да го зајакнете вашиот имунитет, да ја подобрите состојбата на вашата кожа, да се ослободите од стресот, па дури и да го забрзате слабеењето. Доволни се 10-30 секунди ладна вода на крајот од туширањето, за да ги добиете извонредните резултати.

Што да направите:

Започнете го туширањето на вообичаениот начин со топол вода и до крајот на тоа, спуштете ја температурата  на истата. Поминете приближно 10-30 секунди туширајќи се со ладна вода, на крајот од секое ваше капење.

4. Задржување и спречување на кивањето

Задржувањео на носот додека се обидуваме да кивнеме, може да биде многу опасно. Оваа штетна навика може да создаде проблеми како што се заглавување на воздух во градите меѓу обете бели дробови, повредување на ушното тапанче или предизвикување подуеност на крвните садови во мозокот. Кивањето е природен начин на кој нашиот нос се „ресетира“ и ги отстранива штетните бактериите и прашината, и затоа подобро е да не го прекинуваме овој процес.

Што да направите:

Едноставно кивајте слободно. Ако не сакате да направите хаос околу вас, тогаш покријте го пределот на устата со салфетка или со рацете, но не го држете носот.

5. Задржување на гасовите

Испуштањето гасови обично се поврзува со нешто непристојно, па дури и одвратно, па затоа луѓето се обидуваа на било кој начин да ги задржат истите, за да ги избегнат непријатните ситуации. Сепак гасовите не исчезнуваат ако ги задржиме внатре во нас. Наместо тоа, тие ќе се обидат да пронајдат други начини за излез, како на пример преку нашата уста. Задржењето гасовите може да доведе и до проширување и подуеност на стомакот.

Што да направите:

Кога чувствувате потреба да испушите гасови, отидете на едно затскриено место за да го сторите тоа.
Доколку пак често се соочувате со гасови, тогаш обидете при консумирањето на храната, истата да ја жваката побавно. Тоа ќе го намали количеството на воздух во стомакот. Исто така, избегнувајте храна која го поттикнува создавањето на гасови, како што е гравот.
Доколу сметате дека секогаш се соочувате со прекумерна количина на гас во вашиот организам, тогаш потребно е да се консултирате со вашиот лекар.