Младиот кромид има антибактериски својства и штити од воспаленија, помага при настинки и е одличен за подобрување на варењето на храната.

Еве 5 причини зошто треба да се јаде млад кромид:

Го штити срцето

Младиот кромидот е богат со антиоксиданси кои ги штитат клетките од оштетување, предизвикано од работењето на слободните радикали. Покрај тоа, кромид го одржува крвниот притисок во нормални граници и го намалува ризикот од згрутчување во крвта.

Тој е добар за видот

Се верува дека кромид штити од воспаленија, а витаминот А, кој е важен за производство на протеините во очите, е заслужен за добар вид. Луѓето кои го немаат овој витамин може да страдаат од ноќно слепило и други нарушувања.

Ги зајакнува коските

Витамините Ц и К, со кои е богат кромидот, се добри за заштита на коските. Недостатокот на овие витамини ја зголемува шансата за појава на остеопороза и фрактури.

Го намалува холестеролот

Зелените перца, кои многу од нас ги избегнува, го намалуваат нивото на лошиот холестерол во крвта.

За убава кожа

Кромидот го стимулира производството на колаген, што е важно за една убава, здрава и затегната кожа и ја забавува појавата на брчки.