Одбројувањето до летото може да започне! Модната библија Вог веќе објави кои 5 топ дизајни на костими за капење ќе бидат највеќе носени ова лето! Во продолжение поголеднете ги и подгответе се за следниот шопинг!

Ова се петте модели на костими за капење во кои дефинитивно ќе привлекувате внимание на плажа или базен oва лето:

1. Модел со високо изразен засек кај колковите

Моделот на костим за капење од 80-те повторно се врати во мода

2. Модел со животински принт

Од леопардски и змиски до зебра принт, изборот е ваш!

3. Модел при кој горниот дел е со жица и наликува на градник

Идеален избор за жените кои имаат проблем да најдат соодветен костим поради големината на градите

4. Модел со ремен

Нема ништо погрешно да сакате да изгледате модно и додека се капете!

5. Модел со висок струк и женствени принтови

Овој слатко-зачинет модел ќе биде најдокументираниот на Инстаграм меѓу младата популација