Според Американската комисија за заштита на потрошувачите, 33 милиони луѓе секоја година подложат на негативно влијание од производите што се користат во домаќинството. Во прилог прочитајте од кои 7 веднаш треба да се ослободите.

Научниците советуваат дека штетното влијание произлегува највеќе од хемикалиите што се наоѓаат во составот на овие производи:

1. Производи од стиропор

Стиропорот не само што е штетен за околината, штетен е и за нашето здравје. Научно докажано е дека во неговиот состав тој содржи стирен- токсична материја која може да предизвика губење на слухот, видот, а во тенка линија се поврзува и со појавата на рак. Оваа материја се ослободува и навлегува во нашето тело кога и да сме во допир со стиропор.

2. Производи од пресувано дрво

Ниту овој материјал не е толку наивен колку што изгледа. Производителите ги лепат сите слоеви заедно за да издржат подлого, со помош на смола која содржи уреа-формалдехид, кој пак, колку е потопла и повлажна собата се емитира во воздухот и може да предизвика астма, заболување на белите дробови, па дури и рак.

3. Сапун со антибактериски својства

Сапуните со антибактериски својства содржат елемент наречен триклосан, кој е штетен и за околината и за нашето здравје. Се докажало дека предизвикува рак на црниот дроб меѓу глувците, а за среќа во Септември 2016-та година, бил законски забранет.

4. Намотка против комарци

Иако летото не може да си го замислиме без овој производ во борбата против досадните комарци, сепак се докажало дека чадот што произлегува од намотката е еднаков на чадот од 75-137 цигари, што значи дека имањето на оваа направа во наша близина може да предизвика заболувања на белите дробови.

5. Освежувачи за воздухот

Во нивниот состав содржат елементи како терпен и базичен етилен гликол резултираат со токсична комбинација кога ќе дојдат во допир со воздухот и може да ни нашетат на здравјето.

6. Козметички производи

Измет од лилјак не е единственото опасно нешто што ќе го пронајдете во вашата козметика. Пластификаторите исто така можат да предизвикаат здравствени проблеми во однос на репродуктивните органи кај животните, што значи дека истовремено се опасни и по човекот. Тоа се хормонски хемикалии кои на нашите омилени козметички производи им даваат убав мирис и сјај. Затоа пред да купите, детално проверте го нивниот состав.

7. Стапчиња од темјан

Слично како намотката против комарците, и овие стапчиња може штетно да влијаат врз нашето здравје, предизвикувајќи заболувања на белите дробови.