При стомачна подуеност, најчесто се смета дека станува збор за симптом на посериозни заболувања на дигестивниот систем. Подуеноста на стомакот може да се појави дури и кај здравите луѓе.

Но, светско познатиот американски лекар, доктор Оз открива дека оваа непријатна состојба може да се појави и поради некои лоши навики кои сите ние ги имаме, е ве за кои се најчестите виновници за подуеноста.

Кои се причините за појава на подуеност на стомакот

1. Прејадување

Доктор Оз вели дека никогаш нема да се измори да го повторува она за кое сите сме свесни, но постојано ја правиме истата грешка, а тоа е прејадувањето. Подобро е да јадеме почесто, но во помали порции, отколку ретко, но обилно.

2. Премногу масна храна

Факт е дека мастите се апсорбираат многу полесно од јаглехидратите или протеините, кога стомакот е полн. За да ја спречиме појавата на подуеност, едноставно треба да ја ограничиме консумацијат на масните видови на храна.

3. Голтање на воздух

Голтањето на воздух може да се случи при брзото консумрање на храната. Покрај тоа што треба да јадеме побавно, треба и да ја намалиме консумација на газирани напитоци, како и употребата на мастики за џвкање.

4. Нетолеранција на лактоза

Млечните производи се многу корисни за нашето здравје, но за жал, тие содржат лактоза (млечна шеќер), на која организамот може да реагира непријатно. Поради оваа причина, најдобро е овие производи да ги ограничиме во нашето дневно мени.

5. Многу јаглхидрати, хранливи влакна и нишесте

Бонбони, разни слатки, тестенини, јадења со компири, бобови растенија и консумирање овошје на празен стомак, може лесно да предизвикаат стомачна подуеност, па затоа треба да внимаваме истите да не ги консумираме претерано.