Признале или не, речиси секој од нас ужива во консумирањето на чаша пиво, особено во топлите летни денови, а сега неодамнешни истражувања докажуваат и зошто е тоа корисно за нашето здравје.

Консумирњето на пиво, се подразбира во умерени количини, е супер корисно за нашето здравје, а ова се должи на неверојатните својства на овој алкохол. Еве зошто 5 причини зошто треба редовно да го пиеме:

1. Ги зајакнува коските

Истражувањата докажуваат дека пивото содржи силициум, кој помага при сврзувањето на коскеното и мускулното ткиво, зајакнувајќи ги истите. Консумирањето на темно пиво може особено да помогне при спречувањето на појавата на остеопороза.

2. Го намалува холестеролот

Консумирањето на пиво го зголемува количеството на липопротеини, кои исто така се познати како добар холестерол и истите значително го намалуваат ризикот од појава на атеросклероза.

3. Го намалува ризикот на заболување од дијабетес

Експертите откриваат дека оние луѓе кои консумираат 0,3 литри пиво на ден се многу помалку склони кон развивање на дијабетес тип 2. Уште една одлична причина да консумираме чаша ладно пиво!

4. Го спречува формирањето на камење во бубрезите

Консумирањето пиво на дневна база го намалува ризикот за појава на камење во бубрезите за дури 40%.

5. Може да помогне во борбата против ракот

Германските научници откриле високо количество на ксантохумот во хмељот, соединение кое го спречува активирањето на хемиските канцерогени, кои го зголемуваат ризикот од појава на рак.