Во современиот свет, човекот консумира околу 10-15 грама сол дневно, и покрај фактот што потребниот дневен внес изнесува 5-6 грама. Во големи количества, овој елемент е штетен за нашиот организам.

А еве кои 4 знаци означуваат дека во нашето тело има преголемо присуство на сол:

1. Постојано чувство на жед

Ова е можеби најочигледниот знак, односно со вишокот на сол се појавува чувството на жед и самото тело бара течности со кои ќе се разреди овој елемент.

2. Подуеност на лицето и крајниците

Колку повеќе сол има во телото, толку поголемо количество на течности истото бара, со цел да се одржи баланс. Од друга страна, задржувањето на течностите во клетките пак, доведува до појава на подуеност.

3. Висок крвен притисок и забрзан пулс

Поради засирувањето на крвта, се јавува хронична хипертензија, со што се појавува и голем притисок врз срцето, што од своја страна доведува до други низа здравствени срцеви проблеми.

4. Тежината не се намалува

Доколку безуспешно сте се обиделе безброј пати да ослабнете, направете проверка на вашето дневно мени. Покрај елиминирањето на штетната храна, ограничете го и внесот на солта.