Секој од нас знае дека храната има неверојатна моќ да се справи со бројни заболувања и најдобро да го заштити нашето здравје, бидејќи може да го прочисти организамот и да го зајакне имунитетот.

Денес ви откриваме кои 4 видови на храна имаат волшебни својства кога станува збор за регулирањето на холестеролот, при што истите имаат подобар ефект од самите лекарства:

1. Куркума

Оваа билка има неверојатни лековити својства, а нејзината моќ се должи на нејзината биоактивна состојка – куркумин. Внесот на куркуминот во секојдневното мени може значително да го намали лошиот холестерол.

2. Лук

Според бројни истражувања, лукот чудесно помага за намалување на нивото на холестерол. Без разлика во која форма и да одлучите да го консумирате, дали во свежа, во сува како зачин за вашите јадења, едноставно нема да погрешите со овој зеленчук.

3. Бобови растенија

Експертите докажаа дека бобовите култури како грав, леќа, леблебија и слично придонесуваат за значително балансирано одржување на нивото на шеќер во крвта и крвниот притисок, како и за ефикасно намалување на холестеролот и подобрување на здравјето на цревата.

4. Јаткасти плодови

Јаткастите плодови имаат силно својство за намалување на холестеролот, бидејќи истите се богати со полизаситени масни киселини. На пример, оревите се едни од најдобрите извори на омега-3 масни киселини, кои се од голема важност за одржување на липидите на крвната плазма во форма.