Борбата со вишокот килограми им изгледа како доживотна на повеќето жени кои никако ефикасно да го пронајдат решението. Особено сега, по празниците, слабеењето е прв проблем на дневен ред.

Најважното нешто при слабеењето е контролирањето на апетитот, па токму за оваа цел денес решивме да ви ги претставиме 4 видови на супер храна, кои кои ефикасно го „убиваат“ апетитот и нè прават послаби, без да гладуваме. Тие се совршен избор за појадок и воедно ќе ве наполнат со енергија за целиот ден.

1. Јајца

Јајцата се богати со протеини, важни витамини и минерали како селен и рибофлавин, а аминокиселините од белката се идеални за човечкиот организам. При едно истражување, учесниците кои избрале јајца за појадок наместо храна од брашно, како сендвичи и кифли, успеале ефикасно да ослабнат уште во првиот месец. Јајцата може да ги консумирате во било која форма.

2. Авокадо

Овој зеленчук е исклучително ефикасен за слабеење. Содржи 20 различни витамини и минерали, а покрај тоа, неверојатно заситува и ефикасно го потиснува гладот. Ги содржи витамините Б5, Б6, Ц, К и Е и во мали количества: манган, магнезиум, железо и цинк.

3. Зелен чај

healthy green tea cup with tea leaves

Огромниот избор од антиоксиданти, познати како катехини, помагаат во согорувањето на мастите и значително го забрзуваат метаболизамот. Но, најважното е тоа што зелениот чај го намалува апетитот и тоа само по 30-60 минути.

4. Кисело млеко

Киселото млеко значително ќе ја намали вашата желба за храната која содржи  шеќери, во текот на целиот ден. Докажано е дека оние кои консумираат кисело млеко секое утро, во текот на денот внесуваат 100 калории помалку од останатите. Идеалниот начин да го консумирате киселото млеко е со овошје.