Речиси 90% од жените се соочиле и соочуваат со појавата на целулит, кој се појавува без разлика на тоа колкава е телесната тежина, па така дури ни дамите со витка фигура не се имуни на истиот.

Токму поради ова, прашањето како ефикасно да се ослободиме од целулитот никогаш не ја губи неговата актуелност. Покрај домашните и третманите во козметичките салони, како и физичката активност, од голема важност е правилната исхрана.

Во продолжение откријте кои 4 видови на храна ќе ви помогнат најдобро и најбрзо да се ослободите од целулитот:

1. Масти

Сето зависи од количеството. Консумирањето на едно тенко парче сланина наутро, со големина на мала ќибритна кутија, може да ви помогне. Мастите спаѓаат во категоријата на хранливите вредности кои се апсорбираат брзо и лесно, притоа придонесуваат за согорување на вишокот масни наслаги. Вклучете ги мастите во вашето дневно мени секој втор ден.

2. Јаткасти плодови

Јаткастите плодови содржат големо количество на протеини, а второ тие се богати со полинезаситени масни киселини, кои се борат против тврдите масни наслаги. Дневно консумирајте најмногу до 100 грама јаткасти плодови.

3. Полнозрнест леб

Фактот што истиот е богат со витамини од групата Б, придонесува овој тип на леб брзо и ефикасно да ги согорува масните наслаги и да се бори против целулитот. Воедно истиот помага за забрзување на метаболиамот.

4. Зејтин

Овој производ содржи полинезаситени масти и олеинска киселина, кои придонесуваат за побрзо согорување на масните наслаги. И покрај калориите, сепак зејтинот му дава огромна енергија на телото.

Бонус: 4 производи кои придонесуваат за појава на целулит

Избегнувајте го консумирањето на следните 4 видови на храна, кои се вашиот најголем непријател кога станува збор за појавата на несаканиот целулит:

  • Круши – Содржат големо количество на фруктоза
  • Конзервирани краставици и домати – Содржат големо количество на оцет и сол
  • Овесна каша – Содржи јаглехидрати кои премногу лесно се апсорбираат и нема време организамот да ги преработи
  • Суви плодови – Го зголемуваат нивото на шеќер во крвта