Според модните експерти и стилисти, кога дамите ќе бидат над 40 години, веќе треба да се откажат од одредени модни стилови и дизајни. Се подразбира, не треба да го менуваат нивниот личен стил.

Но, сепак стилот треба да се прилагоди на самата возраст, а во продолжение прочитајте 3 златни совети кои тие ги даваат со цел да го истакнете најдоброто од вашата фигура, а да ги сокриете недостатоците кои не ви се допаѓаат.

1. Идеална должина на задолништето

Дамите кои се над 40 години не треба да носат прекратко, но ниту пак ни предолго здолниште. Со прекраткото може да изгледате смешно и невкусно, а со предолгото пак, може да изгледате многу постаро. Идеалната должина е неколку центиметри над колената.

2. Идеална боја за облеката

Без разлика дали имате витка фигура или неколку вишок килограми, секогаш претпочитајте да ги изберете елегантни потемни тонови или неутралните светли, но во ниту еден случај не носете облека во претерано впечатлива боја како жолта или портокалова или шарена модна комбинација.

3. Идеална облека за фигурата

Секогаш бирајте ја облеката според вашата фигура. Неопходно е да се чувствувате удобно и да изгледате модерно и елегантно. Облеката која не одговара на вашата фигура само дополнително ќе ги истакне недостатоците и ќе ве направи да изгледате постаро.