Секој од нас сака да има одлично здравје и да биде информиран, но нашите лекари исто така сакаат сепак самите ние да почитуваме одредени правила, со цел да не настанат посериозни последици.

Доколку имате болка при интимните односи, отворено кажете му на вашиот лекар. Болниот интимен однос може да биде предизвикан од редица возможни причини, како вагинални инфекции, фиброми, ендометриоза и цисти на јајниците, а сето тоа се работи за кои вашиот гинеколог може да ви помогне.

4-те навики од кои жените треба да се откажат, според гинеколозите

1. Носење на испотена облека после вежбање

Веднаш по завршувањето со тренингот и вежбањето, жените треба да ја соблечат испотената облека, бидејќи бактериите растат во топли и влажни средини, а ова може да доведе до инфекција.

Дополнително, габичните инфекции, надразнетоста, црвенилото и слично, се најчесто среќавани појави и гинеколозите советуваат да се носи 100% памучна долна облека.

2. Самостојно лекување на она кое мислите дека е габична инфекција

Многу жени купуваат лекарства за габична инфекција при првиот признак на вагинален исцедок или чувство на чешање. Но, доколку тоа не е габична инфекција, на овој начин, само може да придонесете за забавување на лекување на вистинската дијагноза. Други признаци кои ја имитираат габичната инфекција вклучуваат бактериска инфекција или други контактни алергии, а постои и голема веројатност за полово пренесена инфекција.

3. Верувате на сè што ќе прочитате на Интернет

Повеќето жени имаат честа навика по појавата на одредени симптоми веднаш да се посветат на Интернет истражување, пребарувајќи ги истите. Но, на овој начин, лесно може сличните симптоми да ги помешате и да донесете погрешен заклучок, а со тоа и погрешна дијагноза. Затоа, најдобриот начин да го решите здравствениот проблем е со вистински преглед направен од вистински професионалец.

4. Носите неудобна долна облека

Според гинеколозите, носењето на неудобна долна облека доведува до триење и дразнење на кожата и воедно ваквата долна облека не дозволува правилно циркулирање на воздухот, што може да го зголеми ризикот од појава на габична инфекција.