Набљудувањето и сопствените прегледи на нашето тело се најдобриот и најбрзиот начин да откриеме дали нешто не е во ред со нашето тело. Ако добро го познаваме нашиот организам, тогаш мора да реагираме на секоја промена.

А еве кои 4 симптоми жените никогаш не треба да ги занемаруваат:

1. Необјаснива загуба на телесната тежина

Иако многу дами секогаш се трудат да ослабнат, сепак доколку губите од килограмие ненадејно, без воопшто да се трудите, без диети и вежбање, тогаш бидете внимателни. Причините за ова може да бидат најразлични, како хроничен стрес, дијабетес, па дури и рак.

2. Хроничен замор

Сите ние имаме моменти во кои се чувствуваме навистина исцрпено, но доколу чувството на постојано замор трае повеќе од 2 недели (дури и ако доволно спиете), подобро е во овој случај да посетите лекар. Овој симптом може да биде предизвикан од проблеми со штитната жлезда, срцеви заболувања или недостаток на витамин Д.

3. Промени во градите

Секоја жена секогаш треба сама да ги прегледува нејзините гради, барем најмалку еднаш месечно и притоа, доколку забележи некакви промени во бојата, формата, присуство на грутки, тогаш неопходно е да посети лекар.

4. Зачестен срцев ритам

Heart disease,Heart disease center

Не е неопходно да посетувате лекар, доколку за време на тренинг почувствувате срцебиење или кога сте нервозни. Но, доколку вашето срце бие како лудо без влијание на овие фактори, тогаш не го занемарувајте овој симптом.