Колку пати сами на себе си имате речено: „Од Понеделник ќе започнам да вежбам“ и ниту еднаш не го исполнивте сопственото ветување?

На нашето тело му е потребна физичка активност, за да го одржи целопкупното здравје во добра форма. Но, со денешниот зафатен начин на живот, повеќето луѓе тешко пронаоѓаат слободно време за вежбање, бидејќи истовремено работата и домашните обврски ја трошат нашата енергија.

Но, светските тренери мислат и на обичните луѓе, па затоа имаат создадено фитнес листа од 4 лесни вежби кои едноставно можете да ги практикувате дома, а кои ќе ви помогнат да ја одржите вашата фигура и ќе го обноват вашиот метаболизам.

Еве за кои 4 вежби станува збор:

1. Врат и рамена

Оваа вежба ќе ја обнови флексибилноста на вашите мускули и ќе го отстрани притисокот што го чувствувате во овие делови од телото.

Што е потребно да направите:

  • Легнете на вашиот грб и свиткајте ги колената.
  • Поставете крпа околу вашиот врат, а потоа кренете ја и поставете ја на задниот дел од вашата глава.
  • Истегнете ја крпата нагоре, обидувајќи се да управувате со вратот. Држете ги лактите разделени, за да не го попречувате слободното дишење.
  • Направете 3 длабоки вдишувања и повторете ја вежбата 3-4 пати.

2. Свиткување

Свиткувањето ќе ја подобри циркулацијата на крвта и ќе го зајакне лимфниот проток. Оваа вежба е идеална за луѓето кои се соочуваат со надвисната кожа.

Што е потребно да направите:

  • Потпрете го рамото на вертикална лента. За таа цел, може да ја употребите вашата врата.
  • Фатете ја вратата со раката од спротивната страна.
  • Свртете го телото, при што ќе го почувствувате активирањето на мускулите на грбот и на раката.
  • Задржете по 30 секунди за секоја страна.

3. Грб и граден кош

Оваа вежба ќе ги зајакне и зацврсти вашиот грб и граден кош. За да процесот на дишење се одвива нормално, без пречки при нејзиното практикување, ќе ви биде потребна подлога за јога.

Што е потребно да направите:

  • Легнете на вашиот стомак, а потоа кренете ги рамената и прекрстете ги рацете под градниот кош.
  • Потпрете го вашето чело на крпа, свиткана во ролна.
  • Исправете ги прстите, но без да ги преоптеретувате мускулите.
  • Затворете ги очите и направете 8 длабоки вдишувања. Вежбата може да ја повторите веднаш по кратка пауза.

4. Колкови и бутови

Оваа вежба ќе ви помогне во зацврстување на кожата на бутовите, притоа ефикасно ќе се избори со целулитот и ќе ја спречат појавата на болки, како резултат на прекумереното седење.

Што е потребно да направите:

  • Клекнете на подот и притоа, поставете ги рацете веднаш под рамената, едната нога свиткајте ја кон напред, додека пак, другата нога протегнете ја кон назад, потпирајќи ја на ѕидот.
  • За кратко време, ќе го почувствувате активирањето и затегнувањето на целото тело.
  • Задржете ја оваа положба 30 секунди.