Повеќето од нас го користат маслиновото масло како состојка за готвење, но всушност пиењето на оваа состојка во чиста форма ќе ви донесе бројни неверојатни придобивки за вашето здравје и тело. Познато е дека го штити срцето, но консумирањето 1 супена лажица маслиново масло на празен стомак е ефикасно и од следните причини.

1. Ќе ја преобрази вашата кожа

Маслиновото масло е основна состојка на многу козметички производи и може да биде од огромна полза за вашата кожа. Маслото го намалува вцрвенувањето и подуеноста и притоа ќе ви помогне ефикасно да се ослободите од брчките. Маслиновото масло има моќни антибактериски својства и служи како природен прочистувач на кожата.

2. Ќе ви помогне да ослабнете

Бројни истражувања докажуваат дека практикувањето на медитеранска диета и начин на исхрана, при која речиси секое јадење се приготвува со маслиново масло, ќе ви помогне значително да ослабнете. При едно 3-годишно истражување во кое учествуваа повеќе од 180 испитаници, кај 70% од истите, маслиновото масло имаше позитивен ефект во слабеењето.

3. Одлично е за здравјето на цревата

Одредени видови на бактерии кои живеат во нашиот желудник, може лесно да доведат до бројни здравствени проблеми. Но, докажано е дека консумирањето маслиново масло може ефикасно да се избори со истите и тоа за многу краток временски период, прочистувајќи го вашиот организам и забрзувајќи го метаболизамот.

4. Ќе го регилира нивото на шеќер во крвта