Секој од нас сака да биде здрав, притоа и да изгледа одлично. Токму домашниот лек кој денес ви го претставуваме лесно може да ги оствари овие две цели.

Станува збор за домашна инфузија од лук и вино, која ги подобрува функциите на органите, ја прочистува крвта, ги зајакнува имунитетот, крвните садови и срцето.

Ова е одлично природно средство, кое воедно го забрзува метаболизамот и значително помага во намалување на телесната тежина. Го прочистува организамот, ослободувајќи го истиот од токсините и отровите.

Домашна инфузија од лук и вино

Потребни состојки

  • 12 чешниња лук (излупени)
  • Половина литар вино (Најдобро би било доколку имате домашно)

Начин на подготовка

  1. Сомелете го лукот и складирајте го во тегла.
  2. Додадете го и виното внатре, затворете ја теглата и поставете ја на светлина, да отстои 2 недели.
  3. Секојдневно протресувајте ја теглата.
  4. По 2 недели, преместете ја инфузијата во шише со темно стакло.
  5. Консумирајте по 1 супена лажица 3 пати дневно, во период од 1 месец.
  6. Потоа направете пауза од 6 месеци.

Какви придобивки ќе почувствувате од домашниот лек?

Инфузијата од вино и лук има антибиотски, антивоспалителни, антибактериски и антиканцерогени својства и притоа еве дел од нејзините златни придобивки:

  • Ефикасно ги лекува воспалителните заболувања.
  • Го подобрува метаболизамот.
  • Го намалува нивото на холестерол
  • Го отстранува вишокот на сол во телото
  • Ги елиминира токсините од организамот
  • Ја прочистува крвта
  • Го зголемува нивото на енергија
  • Ги согорува масните наслаги
  • Го негува здравјето на крвните садови и срцето
  • Ја зголемува издржливоста