Менопаузата доведува до многу промени во животот на една жена, кои повеќето дами би сакале да ги избегнат по секоја цена, но за жал, тоа е невозможно. И заедно со крајот на репродуктивниот систем, промените очигледно влијаат врз животот.

Денес ви откриваме што се случува во телото на една жена која минува низ менопауза и зошто неколкуте дополнителни центиметри во стомакот се сосема нормални.

Факт бр. 1: Сите тела стареат

Стареењето е природен биолошки процес, кој никој не може да го избегне ниту целосно да се избори против истиот. Признаците на стареењето не се само брчките, стареат и внатрешните органи. Во првата фаза во репродуктивниот систем, нивото на естроген и прогестерон во женското тело се намалуваат.

Тоа е причината за сите непријатни состојби со кои жените во менопауза се соочуваат: Омразените топлотни бранови, ноќното потење, изненадното срцебиење, несоницата, спонатаните промени во расположението, вагинална сувост и проблеми при уринирањето.

Факт бр. 2: Мастите се пријател на жената

Кога јајчниците на жената ќе престанат да произведуваат естроген, масното ткиво во телото започнува да го произведува и регулира нивото на половиот хормон. Токму поради ова, се појавува стомак. Зголемувањето на мастите во овој период од животот на жената е нешто сосема нормално. Ова е начин на кој телото се справува со недостатокот од естроген.

Факт бр. 3: Недостаток на масти = недостаток на естроген

Истовремено, недостатокот на масти за време на менопаузата, ќе доведе до недостаток на естроген во организамот. Тоа означува дека сите симптоми на менопауза ќе се засилат. Ова пак доведува до губење на еластичноста на кожата и појава на брчки и сува кожа.

Но, неопходно е сите дами да знаат дека секоја промена што им се случува е сосема нормална и дел од природниот процес, а не болест.