Наталожувањето на забен камен по забите е состојба која може да се јави кај секој, без разлика на возраста, а при која се нарушува здравјето на забите и непцата.

Доколку сакате да се ослободите од забниот камен и да ја спречите неговата појава, тогаш пробајте ги следните 3 домашни рецепти, кои навистина функционираат:

1. Јаболков оцет

Во чаша додадете јаболков оцет и во истиот поставете ја вашата четка за заби да отстои неколку минути. Потоа добро исчеткајте ги вашите заби, околу 2-3 минути. По миењето со оцетот, измијте ги забите со паста за заби и добро прочистете ја усната празнина.

2. Алое вера и глицерин

Во сад со ладна вода, измешајте сода бикарбона, 1 кафена лажица алое вера, 1 кафена лажица сок од лимон и 4 супени лажици растителен глицерин. Со добиената смеса, мијте ги вашите заби секој ден, а по третманот, потребно е да ги измиете со паста за заби.

3. Кора од портокал

Потребно е да ги триете вашите заби со кора од портокал, пред спиење. Притоа, без по третманот, да ги миете со паста, туку да оставите својството на кората да дејствува во текот на целата ноќ. Следното утро, измијте ги вашите заби на вообичаниот начин со паста за заби.