Сите знаеме дека кочниците се делот од автомобилот кои секогаш треба да бидат исправни и во најдобар ред, со цел на самите нас и на луѓето кои се возат со нас да им обезбедиме максимална безбедност.

Но, во животот сè е возможно, па така кочниците во одреден момент може да откажат. Еве како брзо и ефикасно да реагирате на ваквиот проблем:

1. Прв начин: Трансмисија

Ова е најефикасниот и најбезопасниот начин да го запрете автомобилот, без помош од кочниците. Суштината на овој начин е многу едноставна- постепено намалување на брзините. Не е потребно да притиска гасот, за да не се зголемува брзината.

И во ниту еден случај не треба веднаш да преминувате на прва или втора брзина, бидејќи на овој начин може да ја зголемите опасноста, како и да го расипете автомобилот.

2. Втор начин: Рачна кочница

Овој метод може се употребува само при ниска брзина на автомобилот, со постепено кревање на рачната кочница, наместо нагло.

3. Трет начин: Пречка

За намалувањето на брзината на автомобилот може да помогнат многубројните пречки на патот, а овој метод се користи само во краен случај. Исто така, потребно е да се има во предвид дека во судир со пречка, возилото може да ја смени насоката и дека во ниту еден случај не треба да се прават нагли свртувања.