Правилната исхрана, квалитетниот сон и физичката активност му помагаат на нашето тело да биде здраво и во форма. Но, воедно се случува и нашето тело да ни сигнализира кога нешто не е во ред.

Причината може да биде сериозна, но може да биде и навистина апсурдна- едноставно да станува да збор за недостаток на витамини. Еве како да откриете дали и кој витамин ви недостасува, според знаците кои ви ги дава вашето тело:

1. Кожа на тело

  • Стриите би можеле да настанат како резултат на недостаток на витамин Д.
  • Фоликуларна хиперкератоза може да се јави како недостаток на витамин А.
  • Доколку вашата кожа е сува и се лупи, а нејзините фоликули се вцрвенети, тогаш на вашиот организам не му недостасува витамин Ц.
  • Жолтите дланки може да укажуваат на вишок на бета-каротин во организамот.
  • Грубата кожа по рамената и рацете може да значи недостаток на масни киселини.

2. Кожа на лице

  • Акните означуваат дека основен проблем е недостатокот на цинк.
  • Прекумерената масна кожа може да значи недостаток на витамин Б2.
  • Вцрвенувањето на кожата околу носот укажува дека на вашето тело му е потребен витамин Е, како и бор, магнезиум и калциум.
  • Бледото лице укажува дека вашиот организам има потреба од биотин и фолна киселина.
  • Доколку кожата на лицето е сува и се лупи, додадете витамин Ц, А и Е во вашето дневно мени.

3. Очи

  • Катаракта настанува како резултат на недостаток на хром во телото.
  • Загуба на острината на видот укажува на недостаток на витамин А.
  • Нервен тик се смета за знак на недостаток на магнезиум, Б2, Б5 и цинк.

4. Уста

  • Чувството на болка при јазикот може да биде предизвикано од недостаток на витамин Б12, фолна киселина, цинк и железо.
  • Испуканите усни означуваат недостаток на витамин Б2.
  • Гингивитот најчесто започнува со недостаток на витамин Ц.
  • Пародонтозата е индикатор за недостаток на витамин Д.

5. Раце и нозе

  • Студените раце и нозе означуваат недостаток на магнезиум.
  • Грчевите во екстремитетите може да бидат предизвикани од дехидратација, недостаток на калиум, калциум и магнезиум.

6. Нокти

  • Белите дамки по ноктите се знак за недостаток на минерали во телото, а најмногу на цинк.
  • Кршливите и меки нокти се индикатор за недостаток на магнезиум.
  • Испуканите нокти означуваат недостаток на железо.