3 докажани методи како брзо да ги проширите тесните обувки – До совршена удобност за минута време
Погледнете како едноставно, без многу труд, може ефикасно да ги проширите новите тесни обувки и да ги направите максимално удобни за чекорње, без да мора да ги фрлате или да купувате нов пар.
1. Бебешка пудра
Чудесната бебешка пудра која дамите најчесто ја користат за да го спречат триењето на бутвотие при високите температури, таа исто така може да ви помогне вашите тесни обувки да ги направите поудобни. Едноставно нанесете од истата пред да ги облечете чевлите.
2. Фен и дебели чорапи
Едноставно облечете пар дебели чорапи и облечете ги вашите омилени обувки. Потоа земете фен и со истиот поминете по тесните делови од обувките, додека да го почувствувате опуштањето. Потоа чекорете малку низ домот во чевлите, додека истите да се изладат. Повторете ја процедурата доколку е неопходно.
3. Најлонски плик со вода
Наполнете 2 најлонски ќеси (најлонски плик) со вода и во секоја од нив поставете по една од обувките. Потоа така поставете ги во замрзнувачот преку целата ноќ. Кога водата ќе се замрзне, ќе се прошири во пликот и така ќе ги прошири и самите обувки. Следното утро едноставно извадете ги од замрзнувачот.