Постојат многу домашни методи за подмладување на кожата и измазнување на брчките, како маски, вежби за лицето, специјални етерични масла и слично. Но, денес ви претставуваме една исклучително ефикасен метод – јапонска техника за подмладување со фолија.

Чудесната техника доби неверојатна популарност кај дамите ширум светот, а истата најмногу ја практикуваат Јапонките кои се познати по нивниот извонреден младешки изглед.

Што треба да направите?

Земете парче кујнска фолија со големина доволно да го покрие вашето лице и вратот. Направете дупки за очите, носот и устата. Претходно исчистете го лицето со лосион или измијте го со сапун. Поставете ја фолијата на вашето лице, добро залепете ја за кожата и оставете ја така 15 минути.

Во меѓувреме пригответе било каква домашна маска со подмладувачки ефект, по ваш избор, само да не биде премногу течна и потоа нанесете дебел слој од истата врз фолијата. По половина час отстранете ја маската целосно заедно со фолијата.

Добро избришајте го лицето, а потоа нанесете повторно од маската на лицето, а овој пат фолијата поставете ја одозгора врз истата. По 15 минути, отстранете ја фолијата и измијте ја маската со ладна вода.

Зошто оваа техника е ефикасна?

Кога лицето е покриено со фолија, истото започнува да се поти, да одделува влага и така порите се отвараат значително подобро. Откако порите ќе се отворат, сите потоа нанесени козметички средства и подмладувачки маски се апсорбираат побрзо и придонесуваат за значително зголемено производство на колаген.