Здравиот дигестивен систем е неопходен за целокупното здравје на телото. Затоа кога страдате од заболувања на дебелото црево, како инфекции, воспаление и наталожени токсини, неопходна ви е детоксикација.

За таа цел, за денес ви претставуваме едноставен, но неверојатно моќен рецепт за салата, со која лесно и едноставно ќе го прочистите вашето дебело црево.

Вкусна здрава салата за моќна детоксикација на дебелото цревo

Потребни состојки

  • Цвекло
  • Зелка
  • Моркови
  • Сок од лимон
  • Масло за готвење
  • Зачини по ваш вкус

Начин на подготовка

Приготвувањето на салатата е многу едноставно. Сè што треба да направите е да ја исечете секоја од состојките или да ја изрендате, а притоа се препорачува најмногу да додадете зелка. Потоа, доколку претпочитате, додадете и зачини по ваш вкус.

Но, обидете се да го избегнете додавањето на сол, бидејќи истата може да доведе до задржување на течностите во организамот или да ви направи проблеми со крвотокот.

Добро измешајте ги сите состојките заедно и одзгора додадете малку сок од лимон На крај, додадете го и маслото за готвење.

Вашата салата за детоксикација е готова, пријатен апетит!