Речиси повеќето се соочиле со непријатноста веднаш по првото носење, белите чорапи да станат темни, особено во пределот кај петите, а враќањето на нивниот блескав сјај да биде невозможна мисија.

Денес ви откриваме 3 бабини трикови како лесно да ги избелите чорапите во домашни услови:

Трик бр. 1

Пред перење, потопете ги белите чорапи во раствор на борска киселина: 1 супена лажица на 1 литар топла вода. Оставете ги чорапите да отстојат 1-2 часа во растворот, а потоа добро исплакнете ги и исперете ги во машина за алишта.

Најдобро е да ги исперете на температура од 40°C или 60°C.

Трик бр. 2

Поставете ги чорапите во сад и полејте ги со топла (но, не врела) вода и додадете неколку капки сок од лимон. Оставете ги да отстојат одредено време, а потоа исперете ги на рака или во машина за алишта.

Трик бр. 3

Кога перете бела и светла облека, може да додадете половина шолја сода бикарбона кон прашокот во машината за перење, а потоа додадете уште ¼ шолја сода бикарбона за време на самиот циклус на перење.

Истовремено, потребно е белата облека, како и белите чорапи да се перат многу почесто, за разлика од шарените алишта, за да се одржи нивниот блескав изглед.