Работата пред компјутер и пасивниот начин на живот речиси секогаш резултираат со мускулна тензија во вратот, грбот и рамената. Токму за да избегнете појава на болки во овие делови, потребно е да одвоите 10 минути за физичка активност.

За оваа цел, денес ви ги претставуваме 2-те најдобри вежби, кои многу лесно се прават, а кои брзо и ефикасно ќе ве спасат од болките во грбот и ‘рбетот.

1 „Мачка – крава“ положба

Оваа вежба го активира горниот дел од грбот и ‘рбетот, како и вратот.

Потребно е да седнете на стол, да го исправите грбот, а рацете да ги поставите на бутовите. Додека вдишувате, исправете го грбот, протегнете ги градите кон напред, погледнете кон таванот, но без да го свиткувајте грбот кон назад.

Кога издишувате, наведнете го грбот како што е покажано на фотографијата, а рацете заедно со рамената протегнете ги кон напред.

2 Странично наведнување на главата

Наведнувањето на главата кон различните страни ги активира мускулите во областа на рамената и вратот.

Седнете на работ на столот, поставете ги рацете зад грбот и вкрстете ги прстите. Држете ги рацете во оваа положба на десното бедро, наведнувајќи ја главата кон десната страна. Задржете така неколку секунди.

Повторете ја вежбата овој пат за спротивната страна.