Имањето деца во домот, особено кога се помали, ги прави родителите дополнително загрижени за нивната безбедност. Но и покрај сето направено, малите незгоди продолжуваат да се случуваат. Еве кои 18 работи можеби се главен виновник за тоа!

1. Теписи и килими

Килимите и теписите можеби изгледаат величествено како декорација за домот, но тие содржат доста отровни материи, кои се пренесуваат во воздухот и се штетни за здравјето на сите.

2. Бонбони кои наликуваат на лекови

Едно американско истражување покажало дека дури ни возрасните не можат да ги разликуваат бонбоните кои личат на апчиња од оние вистинските, при што на децата би им било уште потешко да направат разлика. Затоа лековите треба да се чуваат на побезбедно место, а воедно и да се купуваат бонбони што не наликуваат на нив.

3. Украсни ленти за на глава

Украсните ленти за бебињата се моден тренд меѓу родителите, но овој моден додаток може да им предизвика чувство на неудобност на најмалите, особено ако лентата е презатегната.

4. Шишиња и чаши наменети за најмалите

Овие додатоци се навистина ефикасни и клучни во исхраната на децата, но истовремено, ретко кој родител е свесен дека истите можат да предизвикаат и повреди, особено земајќи го во предвид дека децата постојано паѓаат.

Затоа се препорачува при нивното користење, децата да седат или едноставно да не им се дозволи да шетаат наоколу со своето шише.

5. Отворена чанта

Отворената чанта значи отворен пристап за љубопитните деца. Несакајќи, би можеле да дојдат во контакт со шминки, парфеми и лекови, кои се опасни за нив.

6. Креветчиња и лулки

Креветчињата и лулките се поставуваат за да обезбедат комфорност и безбедност на најмалите. Но, тие исто така можат да придонесат за наштетување на децата, особено кога децата се немирни и лесно паѓаат од нив.

7. Телевизор

Како што и самата телевизија е штетна, така и телевизорот како предмет спаѓа на негативната листа. Истражување покажало дека често несреќите во домот биле предизвикани од паѓањето на овој предмет врз децата и возрасните.

8. Дубалка

Дубалките се наменети да им помогнат на децата да ја развијат нивната способност за движење. Но, се докажало дека повредите на главата кај децата се во поголем дел предизвикани токму од дубалките, бидејќи децата лесно можат да паднат од нив.

9. Балони

Балоните се вистинска забава, особено на детските родендени. Едниот начин на кој ги користат децата е бескрајниот обид да ги надуваат, а вториот да ги голтнат. Токму тоа покажало едно истражување, дека голтнатите парчиња од балонот предизвикваат огромни штетни последици кај децата.

10. Забавни активности

Забавните и поучни активности се доста важни за децата, но исто така од голема важност е и да се биде претпазлив со хемиските производи.

11. Монети

Децата помлади од 6 години имаат навика постојано да голтаат мали ситни нешта. Но, тоа може да бидат и монетите, кои внесени во организмот, истиот може да ги детектира како штетни материи и странски тела.

12. Навлажнувач за воздух

Навлажнувачите за воздух се одлични за подобрување на сувоста во просторијата. Но, едно истражување покажало дека проблемите со дишните патишта и белите дробови кај децата се често предизвикани од овој навидум обичен предмет.

13. Играчки-додатоци на транспортерот

Играчките прикачени како додатоци често заедно се продаваат со транспортерите, но при возењето опасно е истите да останат таму, бидејќи од брзината на движењето на автомобилот, може да се откачат и да ги удрат најмалите или пак да го скршат задното стакло.

13. Стаклени маси

Масите се супер поддршка на децата кои штотуку започнале да се движат, бидејќи се придржуваат на истите за помош при стоењето. Но, лесно можат и да паднат и да се повредат од нив.

14. Батерии

Голтањето на батериите е опасна работа и при ваква ситуација, се препорачува итна посета на лекар, за нејзино безбедно отстранување од организамот на децата.

15. Нестабилно огледало

Огледалата кои не се поставени стабилно, лесно можат да паднат, а во најлош случај, тоа да биде врз најмалите.

16. Заштитните огради

Немирните деца не може да ги сопре една ограда, па тие често се повредуваат, во обидот да ја надминат препреката.

17. Детергент во форма на капсули

Детергентот во форма на капсули често изгледа како бонбони со живописните бои, што го прави дополнително првлечен за децата, кои како лековите, лесно можат да посегнат по негово консумирање.

18. Клучеви

Децата доста се привлекувани да си играат со металните клучеви, но нивното голтање, како и штетните материи кои се наоѓаат на површината, можат да предизвикаат сериозни последици.