Понекогаш, не го земаме во предвид времето и купените овошја и зеленчуци сме принудени да ги фрлиме, бидејќи исчезнала нивната свежина. Затоа во продолжение прочитајте како да ја одржиме истата, на подолг временски период.

Не треба да се складираат во фрижидер!

1. Завиткајте ги дршките на бананите со алуминиумска фолија

Бананите произведуваат етиленски гас во текот на нивниот процес на созревање. Со обвиткување на дршките во алуминиумска фолија, ќе го спречите неговото ширење и во останатите делови од овошјето, при што на овој начин ќе биде спречено и пребрзото омекнување на бананата.

Вака нивната свежина ќе трае уште 4 до 5 дена.

2. Ставете го кромидот во хулахопки

Премногу влага може да придонесе до гниење на кромидот за краток временски период. Затоа најдобро е овој зеленчук да се чува на ладно место, со многу малку светлина. Се препорачува за поефикасен третман, да го ставите во хулахопки, а истите можат да бидат и со дупчиња и притоа закачете ги на повисоко место.

Периодот на складирање може да се продолжи од 6 до 8 месеци.

3. Лукот сака темни места со ниско ниво на влажност

Идеалниот начин на чување лук е тој да се складира во пластичен сад или хартиена ќеса и истата да се остави на темно и суво место.

Ако зеленчукот остане целосен, неговата свежина може да треае до 2 месеци. Но, доколку го разделите на мали делови, неговото складирање ќе се скрати на 3 до 10 дена.

4. Ставете ги стеблата на магдоносот и босилекот во вода и оставете го зеленчукот на собна температура (Без да ги миете)

Доколку не сакате да ги чувате во фрижидер, тогаш потребно е нивното стебло да биде во вода, исто како цвеќињата.

Во добра состојба, тие можат да траат од 4 до 5 дена.

5. Чувајте ги компирите на темни и ладни места

Избегнувајте да ги складирате во пластични ќеси, а наместо тоа користете хартиени. Како втора алтернатива, може да биде нивното складирање во кутија. И притоа просторијата каде што ќе ги чувате треба да биде со температура од 6°C до 10°C  максимум.

Соодветно складирани, тие ќе траат од 1 до 2 недели.

6. Ако авокадото не е зрело, завиткајте го во весник и ставете го во хартиена ќеса

Ако авокадото сè уште е зелено, со неговото ставање во фрижидер, ќе се спречи процесот на созревање. Затоа е подобро да го завиткате во хартија и повторно да го ставите во хартиена ќеса. Ако сакате побрзо да созрее, додадете и банана во ќесата.

  • Со ќесата: Ќе созреат од 3 до 5 дена
  • Без ќесата: Ќе им бидат потребни 7 дена за созревање
  • Со ќесата + бананата: Ќе созреат од 2 до 3 дена

7. Доматите треба да бидат складирани на место со температура повисока од 10°C, за подобро зачувување на нивниот вкус

Колку повеќе се зрели доматите, толку повисока е концентрацијата на нивните вкусови. Кога доаѓаат во допир со фрижидерот и остануваат на таа температура, тие го губат својот вкус. Затоа најдобро е да ги чувате и задржите на температура повисока од 10°C.

Треба да се складираат во фрижидер

1. Без да ги миете, ставете ги печурките во хартиена ќеса заедно со магдонос

Важно е да знаете дека не треба да ги миете свежите печурки се додека не се одлучите да ги приготвите. Се препорачува да се складираат во хартиена ќеса и малку магдонос, кој ќе делува како антиоксидант и ќе ја спречи појавата на темни дамки на печурките. Потоа, слободно ставете ги во фрижидер.

Времетрање на складирање: 3 до 5 дена.

2. Дезинфицирајте ги јагодите со бел оцет, без да ги отстраните дршките

Најдобро е пред консумирање, јагодите да се измијат, бидејќи инаку би ја апсорбирале водата и пребрзо би омекнале. За нивното дезинфицирање, користете бел оцет и вода, во сооднос 1:2, а потоа ставете ги во ќеса, доколку планирате да ги замрзнете. Доколку ги замрзнувате, отстранете ги дршките.

  • Во фрижидер: Може да траат од 5 до 6 дена
  • Во замрзнувач: Може да траат од 2 до 4 месеци

3. Завиткајте ја зелената салата и спанаќот за да ја одржите нивната свежина (По дезинфекцијата)

Измијте ги листовите во ладна вода, а пред да ги складирате во фрижидер, проверете дали се добро исушени. Може да ги ставите во пластична или апсорбирачка ќеса, а од голема важност е добро да ги завиткате, за да апсорбирачката ќеса ефикасно го отстрани вишокот на вода.

Соодветно складирани, нивната свежина ќе трае од 1 до 2 недели.

4. Ако веќе лимонот е пресечен, не оставајте ја другата половина да се расипе. Завиткајте ја во алуминиумска фолија или посипете малку сол

Поголемиот дел од времето, лимонот го сечеме, ја употребуваме едната половина, а другата вообичаено ја фрламе, бидејќи веќе исчезнала свежината. Најдобро е таа половина да се завтика во алуминиумска фолија, а друга алтернатива би било да се поспие сол и потоа да се стави во фрижидер.

  • Цел лимон: Ќе трае до 2 недели
  • На половина: До 3 дена, без да ја менува својата боја или вкус

5. Не дозволувајте авокадото да оксидира, откако ќе го пресечете на половина

За да го спречите губењето на неговата зелена боја и да потемне, ставете неколку капки од лимон врз него или пак, премачкајте го со масло за јадење.

На овој начин, ќе се задржи неговата боја и свежина до 2 дена.

6. За да ја зачувате свежината на олупените компири, ставете ги во сад со вода и бел оцет

Свежо олупените компири за кратко временски рок, ќе менуваат нивната боја, односно потемнуваат. За да го спречите ова, ставете ги во сад, полијте ги со вода и додадете неколку капки бел оцет, а потоа складирајте ги во фрижидер.

Времетраење на складирањето: 3 до 4 дена.

7. Ако бананите веќе се премногу зрели, складирајте ги во замрзнувачот, а потоа користете ги за домашни пијалоци

За да ги зачувате созреаните банани во добра состојба, отстранете ја нивната кора, пресечете ги на половина и поставете ги во ќеса, а потоа складирајте ги во замрзнувачот.

На овој начин, бананите може да траат од 2 до 3 месеци.

8. Направете коцки со вкус на босилек и магдонос

Ова е одличен трик со кој ќе ги зачувате вашите омилени зеленчуци во замрзнувачот. Фино исецкајте ги растенијата на коцки и замрзнете ги. Додадете стопен путер (дозволете да сe излади пред неговото замрзнување) или масло за јадење.

Времетраење на складирањето: Од 2 недели до 1 месец.

Бонус: Важноста на бојата

СЗО препорачува да консумираме 400 грама овошје и зеленчук секојдневно. Бидејќи тие се од голема важност со нивната хранлива вредност и витамини за нашиот организам.

А боите на овошјата и зеленчуците се индикатор на различни својства:

  • Зелена: Содржи витамини А, Ц, К, фолна киселина, магнезиум, калциум, хранливи влакна и хлорофил. Ја подобрува функцијата на црниот дроб, го забрзува метаболизмот, ја подобрува дигестијата и спречува констипација.
  • Црвена и виолетова: Содржи лукопен и ги спречува кардиоваскуларните болести. А воедно го намалува ризикот од рак и дијабетес.
  • Портокалова и жолта: Содржи големо количество на витамин Ц. Ја подобрува состојбата на кожата, проблемите со видот и спречува настинки и грип, а го намалува и ризикот од рак.
  • Бела: Содржи минерали како селениум. Го подобрува имунолошкиот систем и ги штити мускулите.