Иако празникот замина, тоа не значи дека за следното подарување треба да чекаме до следната година. Напротив, љубовта и почитта кон нашите мајки треба да ја покажуваме секој ден, а во продолжение следуваат 18 предлози за практични, воедно и прекрасни работи со кои можете да ја изненадите следно вашата мајка.

Од козметички подароци до интересни и фини модни аксесоари до практични декоративни работи за домот, подарокот треба да одговара на карактерот на личноста што го подарувате, а еве и неколку предлози доколку немате идеја:

1. Обетки за мајката која сака секогаш да изгледа префинето

2. Масажер за мајката која сака да се гржи за своето тело

3. Букет за мајката која ги обожава цвеќињата

4. Практична чанта за мајката која секогаш е еден чекор напред од останатите

5. Кармин за мајката- кралица!

6. Елегантен избор за мајката која обожава накит

7. Колекција производи за нега за мајката која обожава козметика

8. Впечатлив паричник за мајката која го обожава гламурот и луксузот

9. Сет за мајката која е врвен кулинар и обожава да готви!

10. Мека наметка за мајката која ја цени својата удобност

11. За мајката која е голем обожавател на книгите и читањето

12. Класично модно парче за безвременската мајка

13. Уникатна декоративна свеќа за мајката со уметничка душа

14.  Гламурозен куфер за мајката која обожава да патува

15. Префинет часовник за мајката која никогаш не доцни!

16. Шик очила за мајката која никогаш не излегува без нив!

17. Марама за мајката која ги обожава модните детали

18. Удобни влечки за мајката што сака квалитетно поминато време дома