Сакале или не, сите имаме влакна на телото. Тоа е нешто сосема нормално кое не треба да ве загрижува, па дури и ако не сте нивниот најголем фан. Но, ако местото и текстурата на влакната се сменат, тоа би можело да означува некој здравствен проблем. Во продолжение прочитајте што кажуваат вашите влакна за вашето здравје.

Најпрво дефинирајте какви се вашите влакна:

Велусни влакна: Ситни, многу тенки и скоро незабележливи.

Терминални влакна: Подолги, поцврсти, подебели и потемни. Особено внимание обрнете на овие влакна, бидејќи започнуваат да се развиваат при хормонски промени.

1. Генетика

Ако одеднаш започнат да ви растат дебели и црни влакна наречени машка шема, сепак проверете ги старите фотографии на вашата баба. Без разлика на модерната технологија, генетиката не може да се измами и победи.

2. Етничка позадина

Истражувањата покажале дека различни етнички групи се карактеризираат со различна застапеност на влакнетост. Жените од Медитеранот имаат помалку, а  Блискиот Исток се карактеризираат со поголема застапеност, додека пак, другите етнички групи се нешто измеѓу.

3. Хормонски дисбаланс

Ако одеднаш започнат да ви растат премногу влакна, се соочувате со машки хормонски дисбаланс. И мажите и жените ги имаат овие хормони, само што кај жените се на пониско ниво. Покрај зголемувањето на нивото на тестостерон, за оваа појава како причинител може да се јави намалувањето на нивото на естроген.

4. Синдром на полицистични јајници

Овој синдром е уште еден причинител за појава на хирзутизам, односно зголемена влакнетост, а истовремено може да предизвика нередовна менструација. Оваа состојба настанува како резултат на зголемени јајници кои содржат мали фоликули и за ова треба лекарски преглед.

Симптомите може да вклучуваат и промени во расположението, главоболки, замор и проблеми со спиењето.

5. Нарушување на функцијата на надбубрежната жлезда

Ако надбубрежните жлезди не работат како што треба , хормоналната рамнотежа се менува и прекумерениот раст на влакната е еден од најголемите симптоми за оваа појава.

Други симптоми се: Висок крвен притисок, ослабнати мускули, зголемување на тежината во горниот дел, прениско или превисоко ниво на шеќер во крвта.

6. Абнормален раст на ткивото

Ако хирзутизмот се појавува одеднаш и нагло, треба да посетите доктор. Драматичниот пораст на влакнетоста е знак на екстремно високо ниво на тестостерон и воедно може да биде резултат на абнормален раст на ткиво, па дури и тумор, што испушта машки хормони.

Ова е ретка појава, но при ваква појава, веднаш треба да ве прегледа лекар.