Фотографката Тара Тодрас Вајтхил создаде проект во кој ги портретираше жените за да докаже дека зад абортусот има бројни причини и затоа луѓето не треба лесно да осудуваат.

Еве како изгледа нејзиниот проект, при кој се фотографирани жени кои поминале низ абортус, а кои воедно се активистки вклучени во движењата кои се борат за бројните права на жените, вклучувајќи го и правото на слобода на абортус.

1. Флоренс Рајс, 86: Веќе била самохрана мајка на едно дете и не сакала да биде лоша мајка на второ, за кое немала финансиски услови

2. Либерти и Џо Сандерс: Пред да ги добијат синовите, додека биле во врска, Либерти имала абортус бидејќи не биле психички и финансиски спремни да имаат дете

3. Џени Иган, 25: Била силувана на 16-годишна возраст

4. Себастијана Кореа, 28: Останала бремена додека била на студентска размена во САД. Знаејќи дека нејзините родители нема тоа да го дозволат, Кореа направила законски абортус во Америка.

5. Холи Фритц, 35: Како тинејџерка останала бремена од своето момче, но нејзината мајка ја натерала да абортира.

6. Барбара Енрајх, 64: Направила два абортуси, бидејќи било откриено дека фетусите имаат абнормалности

7. Глорија Стејнем, 71: Имала 22 години кога направила абортус и смета дека тогаш за првпат го превземала животот во свои раце

8. Ајен Трен, 25: Како тинејџерка била силувана од своето агресивно момче

9. Розалин Баксандал, 65: Абортирала во 1960-те години, кога мислела дека влегла во менопауза

10. Џенифер и Гилијан: Две колешки кои работат на проект за абортусот, низ кој и самите поминале.

11. Хенриета Левнер: Била силувана во нејзините 20-ти години

12. Лорета Рос, 51: Забременила како студентка и не била спремна. Откако нејзината мајка одбила да ја потпише дозволата, Лорета го фалсификувала потписот и сепак направила абортус

13. Ени Дифранко, 37: Немала финансии за да го одлгедува детето

14. Дона Мартин, 28: Била силувана

15. Роберта Тодрас, 54: Фетусот имал абнормалности

16. Ејми Ричардс, 29: Немала постојано живеалиште, кога останала бремена