Навистина воодушевувачка е трансформацијата на актерите што ја гледаме во различни филмови, но овие 16 актери се надминале себе си, така што се трансформирале во повеќе улоги, во еден ист филм!

Ако некогаш, додека сте гледале некој филм, сте имале чувство дека актерите имаат некоја неверојатна сличност или сте се соменевале дека станува збор за еден ист актер, еве во кои филмови, вашиот сомнеж би бил точен:

1. Мајкл Џеј Фокс во „Враќање во иднината“, како Марти Мекфлај и Марлин Мекфлај

2. Џејсон Ајзекс во „Петар Пан“, како Г-дин Дарлинг и Капетан Кука

3. Џонатан Хајд во „Џуманџи“, како Сем Периш и Ван Пелт

4. Дик Ван Дајк во „Мери Попинс“, како Берт и Г-дин Довс

5. Ворвик Дејвис во „Хари Потер“ филмовите, како Грипхук и Професор Филиус Флитвик

6. Бен Стилер во „Ноќта во музејот“, како Лери Дејли и Лааа

7. Еухенио Дербез во „Џек и Џил“, како Фелипе и бабата на Фелипе

8. Бен Менделсон во „Капетан Марвел“, како Келер и Талос

9. Џејмс Ремар во „Ослободениот Џанго“, како Ејс Спек и Бач Пуч

10. Еди Марфи во „Пристигнување во Америка“, како Принцот Аким, Клеренс, Ренди Вотсон и Саул

11. Арсенио Хол во „Пристигнување во Америка“, како Семи, Морис, девојката во барот и свештеникот Браун

12. Мишел Вилијамс во „Царството на волшебникот Оз“, како Ени и Глинда

13. Маргарет Хамилтон во „Волшебникот од Оз“, како Г-ѓа Алмира и Злобната вештерка од Западот

14. Дин Чарлс Чепмен во „Игра на тронови“, како Мартин Ленистер и Томен Баратеон

15. Рајан Рејнолдс во „Дедпул“, како Дедпул и Џагернат

16. Бенедикт Камбербач во „Доктор Стрејнџ“, како Др. Стивен Стрејнџ и Дормаму