Одредени млади и неискусни мажи мислат дека жените се вонземски суштества, кои се хранат со воздух и се бањаат во виножитото. Се подразбира, тоа не е вистина.

И жените се човечки суштества и самите тие ќе се согласат дека не секогаш се вклопуваат во естетската и идеална слика што повеќето мажи ја имаат за истите.

Следните 15 срамни работи ги прават 99% од дамите. Што е тоа од кое толку се срамат? Всушност, ништо, но едноставно, ниту една жена јавно нема да признае дека ги прави овие работи.

Во продолжение откријте за што станува збор:

1. Речиси секоја жена барем еднаш на Фејсбук напишала дека прави нешто интересно, како вежбање во теретана или пливање на некое уникатно место, а всушност отишла со пријателките на кафе.

2. Тајно чита пораки во телефонот на својот партнер или на неговиот Фејсбук.

3. Пее под тушот.

4. Разгледува Фејсбук профили на луѓе кои не ги познава и кои немаат никакво значење, како сосетката на вториот братучед.

5. Гледа филм за возрасни.

6. Плаче сама кога е дома, на тажна музика.

7. Прави милион селфи фотографии.

8. Се замислува себеси бремена, со подуен стомак.

9. Го остава бричњето на нозете за подобри пригоди.

10. Глуми оргазам.

11. Ја замислува и планира својата свадба.

12. Го пишува своето име до името на партнерот, за да види дали одговараат заедно.

13. Може да јаде во текот на целото време и тоа не само што може да изеде цела чоколада, туку и цела пица.

14. Испраќа фотографии од нејзиниот партнер за да го задоволи љубопитството на своите пријателки.

15. Проверува во хороскопот дали одговара нејзиниот знак со знакот на партнерот.