За придобивките од пилешкото месо може да зборуваме со денови. Тоа е диетално и богато со протеини, а притоа одоговара на сечиј вкус.

Со пилешкото месо постојат бројни рецепти, но на љубителите на сочните пржени специјалитети, следниот рецепт особено ќе им се допадне!

Пилешките ролати полнети со кашкавал се толку многу привлечни, што за секунда ќе ги снема од вашата трпеза. Мекото пилешко месо е особено вкусно, кога е топло, а доколку сте обожавател на пикантните јадења, слободно можете да ги додадете и вашите омилени зачини во овој рецепт.

Пилешки ролати со кашкавал

Потребни состојки

• 250 гр пилешки гради
• 100-150 гр кашкавал
• 250 мл пилешка супа
• 2 супени лажици кисела павлака
• 1 супена лажица пченично брашно
• 20 гр путер
• 2 супени лажици сончогледово масло
• Сол, мелен црн пипер и зачини по ваш вкус

Начин на подготовка

Исечете го пилешкото месо на 3-4 делови, поставете фолија врз истите и обработете ги со чук за месо, а потоа одозгора посолете сол и мелен црн пипер.

Измијте и исечете ги зачините и исечете го кашкавалот на делови. Нанесете ги зачините врз пилешкото месо и распоредете го кашкавалот како што е прикажано на фотографијата. Завитакајте ги ролатите и истите прицврстете ги со чепкалки за заби.

Испржете ги ролатите од сите страни, во загреана тава со сончогледово масло. Следно додадете ја и пилешката супа и оставете специјалитетот да се готви дополнителни 15-20 минути, додека смесата да зоврие.

Одделете 4-6 супени лажици од пилешката супа, оставете да се излади смесата и потоа измешајте ја со брашно. Добиената смеса додадете ја во тавата и притоа додадете ја и киселата павлака.

Продолжете да ги мешате состојките, додека смесата не се згусне. Додадете сол и мелен црн пипер по ваш вкус.

Пријатен апетит!