Дали има нешто поедноставно од сушење и обликување на косата по туширање? Но, овој процес, иако изгледа токму така, едноставно, сепак за вистински резултати, потребни е да следиме неколку златни правила.

Во продолжение прочитајте за што станува збор, од правило за растојанието меѓу фенот и косата, до насоката на проток на воздухот:

1. Сушење на косата само со топол воздух

Речиси секој фен има опција за сушење со ладен воздух и тоа не е ставено по грешка. При сушењето, за подобро стилизирање на косата, од топол, вклучете ја опцијата за ладен воздух. Ладниот воздух ќе го забави испарувањето на влагата, при што обликот на косата, како што се локните, ќе се задржат подолго. Воедно, ова е начин за превенција за спречување на расцветани краеви.

2. Избирање на погрешка насока за проток на воздухот

Сушете ја вашата коса во правец на растот на косата, од врвот кон краевите. Во спротивно, сушењето на косата во погрешна насока ќе придонесе за нејзиното побрзо и целосно оштетување, а на правилниот начин само ќе го збогатите нејзиниот блескав изглед и сјај.

3. Неправилно држење на фенот

Држењето на фенот во рака е работа која ја можеме сите ние. Но, потребно е повеќе сила и умешност бидејќи вие покрај сушењето, треба и да ја обликувате вашата коса. Правилното држење на фенот ќе ви овозможи процесот на обликување да го изведете многу побрзо, поефикасно и полесно, а притоа и ќе ја заштитите вашата коса.

4. Чешлање на косата надолу

При сушење и обликување на косата, истата чешлајте ја кон надолу. Тоа ќе ви помогне побрзо да го добиете посакуваниот волумен и косата да има блескав сјај на крајот.

5. Држење на фенот премногу близу до главата

Држењето на фенот преблизу до главата ќе придонесе до нејзино оштетување, затоа потребно е фенот да го држите на растојание од 30 цм. Како да го измерите ова растојание? Едноставно добро протегнете ја вашата рака.

6. Не ја делиме косата

Честопати, сите ние ја сушиме косата со единствено придвижување и поместување на фенот кон назад и напред. Процесот ќе биде многу побрз и поефикасен, доколку косата ја поделиме на 4-5 зони и истите ги сушиме поединечно.

7. Ја држиме завиткана во крпа предолго

Не ја сушете косата со крпа повеќе од 30 минути. Честичките од ткаенината создаваат ефект на триење, правејќи ја косата многу поранлива за подоцнежното сушење со фенот. Воедно, изберете помека крпа и не ја држете косата во истата завиткана подолго од 10 минути.

8. Забораваме на термичката заштита

Овој совет ќе им биде особено корисен на оние кои почесто го користат фенот. Потребно е пред сушењето да нанесете средства, со кои ќе ја заштите косата од топлината. Производите може да се поделат во две групи. Во првата група спаѓаат шампоните со состојки за заштита на косата од топлина, кои се користат во текот на миењето. Втората група се регенераторите и маслата, кои треба да ги користите по миењето, а пред сушењето.

9. Не го користиме концентраторот (предниот додатен дел) од фенот

Овој помошен дел помага за правилно насочување на струењето на воздухот. А како резултат на тоа ќе се намалат заплеткувањата на косата при сушењето и таа целосно ќе биде заштитена од оштетување.

10. Веднаш излегуваме надвор

Откако ќе ја исушите косата, почекајте одредено време, пред да излезете надвор. Драстичната промена во температурите може негативно да влијае не само врз волуменот на косата, туку може и да ја оштети и кожата на скалпот.

11. Започнување на сушењето со дифузерот

Ова ги зголемува шансите за оштетување на косата и шансите за добивање расцветани краеви. Започнете со класично сушење, а по некое време може да го вклучите и дифузерот во процесот.

12. Не внимаваме на користењето на различните додатоци

Се препорачува користењето на метална млазница за специјални пригоди, а пластични или термички за секојдневната употреба. Првиот вид користете го поретко, бидејќи повеќе ја оштетува косата, но ја обликува за подолг временски период.

13. Не го чистиме фенот

Дали некогаш сте ја исчистиле решетката на фенот? Доколку не сте го направиле тоа, тогаш крајно време е за нејзино чистење. Отворите на фенот со текот на времето се полнат со многу нечистотија, прашина, лепливи честички, кои само дополнително штетат на косата.