Која е тајната на долговечноста? Светските научници се едногласни дека тоа е  комбинација од здрава начин на живот и правилна исхрана. А еве кој може најдобро да одговори на ова прашање.

Станува збор за Евгенија Петерсон, која доживеа 103 години, а која притоа во светот е позната како Индра Деви, односно една од првите жени која ја популаризираше јогата ширум светот.

Таа е родена во 1899-та година, во семејство на шведски банкар и руска актерка. Нејзиниот живот често бил подложен на разни промени. Зборувала дури 12 јазици и постојат 3 држави кои ги сметала за свој роден крај: Русија- каде што се родила, Индија- каде што се „препородила“ и Аргентина- каде ги поминала последните 17 години од својот живот.

Таа го прошетала целиот свет и се запознала со неверојатен број на славни личности. Меѓу нејзините ученици на часовите по јога, биле и Мерлин Монро и Грета Гарбо.

Индра починала во 2002-та година во Буенос Аирес, на 103-годишна возраст.

На 93-годишна возраст го открила на јавноста нејзиниот режим на исхрана и тој се состои од 12 едноставни правила, а еве и кои:

12 златни правила на исхрана за долг живот

1. Не консумирајте вода за време на оброкот, туку пред истиот или 2-3 часа после тоа. Консумирајте ја водата во мали голтки, наместо наеднаш.

2. Да изедете овошје во свежа форма е многу покорисно, отколку да го консумирате како сок.

3. Млекото е храна, а не течност. Треба да се консумира во мали голтки, бидејќи во спротивен случај може да доведе до нарушувања на дигестивниот систем.

4. Не заборавајте: Телото се храни не со она што го консумираме, туку со она што го апсорбира од храната.

5. Внимателно избирајте ја храната која ви одговара, на истиот начин како што ја избирате облеката. Експериментирајте со разни комбинации, додека да ја пронајдете соодветната храна за вас.

6. Избегнувајте да консумирате „мртва“ храна- конзерви, преработен ориз, бело брашно, рафиниран шеќер. Ограничете ја и консумацијата на благо и оцет.

7. Препечениот или постар леб е покорисен. Но, не внесувајте течности заедно со истиот. Оставете ги забите да ја завршат својата работа.

8. Никогаш не консумирајте повеќе од 1 порција нишесте наеднаш. На пример, доколку јадете ориз, откажете се од лебот, компирите и макароните во истиот оброк.

9. Не ја исфрлајте водата, кога ги варите зеленчуците. Пијте ја или употребете ја за приготвување на супи. Водата од компирите, на пример, е многу корисна.

10. Избегнувајте пржена и масна храна, бидејќи тие се преработуваат во организамот многу бавно.

11. Кога неколку пати затоплуваме храна која содржи масти, тогаш истата станува дополнително штетна.

12. Најважен е вашиот однос кон храната на масата. Процесот на консумирање на храната треба да биде бавен, да уживате во него и да сте во пријатно друштво.