Времето и обврските, реновирањето го прават не толку лесен процес, но особено кога финансиите се во прашање, реновирањето останува само желба. Но, постојат неколку многу креативни и притоа евтини трикови како домот да ви изгледа штотоку реновиран. Во продолжение прочитајте кои се тие трикови.

1. Обновете ги потемнетите линии на плочките од вашите подови и ѕидови со нанесување бел маркер или едноставно, прецизно со четка нанесете бела боја за бојадисување.

2. Залепете тапети во вид на плочки на ѕидовите во кујната и бањата. Едноставно и фино, без да мора всушност да вложите многу труд.

3. Или залепете вакви шарени плочки, за уште пошармантен изглед на просторијата

4. За нов изглед, не мора да купувате целосно нови елементи туку на пр. Само заменете ги рачките на фиоките со нови и кујната ќе добие сосема нов сјај!

5. Направете “нов” плакар од флексибилни закачалки, без вусшност да мора да го оштетувате ѕидот со правење дупки и слично.

6. Со соодветно и појако хемиско средство за чистење, дадете и нов изглед на вашата када, а со тоа и на самата бања

7. Самото додавање на стилски и уникатни лустери по ваш вкус ќе ја направат кујната да изгледа сосема поинаку

8. Со течен нерѓосувачки челик трансформирајте го вашиот фрижидер во сосема нов!

9. Бојадисајте ги фиоките и елементите во кујната во некоја нова и свежа боја, пр. бела

10. На ѕидните комоди заменете ги класичните врати со стаклени за посвеж изглед на кујната

11. За нов изглед на бањата, може само и да ја замените старата славина со некоја помодерна

12. Без да купувате нови елементи, бањата може да изгледа како нова и само ако едноставно ја бојадисате во некоја ултра стилска и модерна боја, пр. ваква сина