Манекенката што ја носи титулата за Најголеми стапала на светот сега е исмевана од Интернет троловите како резултат на нејзиното учество во фото-сесија што ги слави токму жените со големи стапала.

Анастасија Решетова е Мис на Русија со 1.6 милиони следбеници на Инстаграм и не дозволува злобните коментари да и го уништуваат животот.

Секогаш кога Анастасија ќе постира слика на социјалната мрежа, покажувајќи дека се релаксира на некоја плажа или дека ужива во шопинг, коментарите и исмејувањата на сметка на нејзините стапала се неизбежен дел под нејзините постови, односно често може под нејзина слика да се прочита луѓе како ја прашуваат дали имала проблем да си најде чевли или како воопшто нашла број за неа.

А еве што вели таа: Носам чевли број 42 и да, навистина ми е тешко да најдам слатки чевли за мене, но кому му е гајле?!

Во фото-сесијата на руското списание ‘Жени’ учестуваат фото-модели кои се карактеристични по своите големи стапала, но во списанието не е наведено кој број носат, туку дека едноставно овие жени се прекрасни.

Една од учесничките е и 42-годишната Анастасија Волчкова, која е поранешна балерина.

30-годишната Марија Погребнјак-Шаталова исто така е дел од овој проект