10 ѕвезди отворено зборуваат за нивните спонатни абортуси, покажувајќи им на сите жени дека не се сами
Спонатаните абортуси се почести отколку што мислиме. Всушност, кај жените кои знаат дека се бремени, околу 10% до 15% од бременостите завршуваат со спонтан абортус. Очајните мајки може да се обвинат себеси, мислејќи дека нешто не е во ред со нив, кога всушност воопшто не е нивна вина.
Срамот што доаѓа со тоа што не можат да го износат бебето безбедно до раѓањето е стигмата што овие славни дами се обидуваат да ја променат споделувајќи свои искуства со спонтани абортуси. Во продолжение прочитајте ги нивните приказни и искуства, со кои ѕвездите се обидуваат да им дадат до знаење на сите жени дека спонатаниот абортус не значи дека не се доволно добри.
1. Меган Маркл
Меган се отвори за нејзиниот спонтан абортус во јули кога почувствува „остар грч“ додека ја менуваше пелената на нејзиниот син Арчи. Знаеше дека додека го држеше првото дете, го губеше и второто. Преку болката од нејзината загуба, таа дозна дека во просторија со 100 жени, од 10 до 20 од нив претрпеле спонтан абортус и сфати дека единствениот начин да се преброди вакво нешто е прво да ја прашаат жената: „Дали си добро?“
2. Криси Тајген
Криси напиша потресен есеј за збогувањето со нејзиниот син Џек и зошто биле потребно моментот да се фотографира. Таа открива дека засекогаш сакала да го памети моментот, на ист начин како што треба да го памети првиот бакнеж на венчавката. И таа ја сподели приказната затоа што знаеше дека има луѓе што го доживеале ова и може да се пронајдат во нејзината приказна.
3. Бијонсе
Бијонсе зборуваше за нејзиниот спонтан абортус пред да остане бремена со Блу Ајви во документарен филм и во интервју за Опра во 2013 година. Причината што реши да ја сподели својата приказна беше затоа што тоа беше голем дел од нејзиниот живот и знаеше дека има многу парови кои го поминале истото искуство. Таа призна дека тоа било најтешкото нешто што го доживеала некогаш.
4. Селин Дион
Селин Дион издржа 6 круга од вештачкото оплодување и претрпе спонтан абортус пред да ги роди своите близнаци. Таа рече дека таа и нејзиниот сопруг не сакаат да се чувствуваат како да играат јо-јо, да биде бремена, па да не биде бремена. Но, тие не се предадоа и сепак го збогатија нивното семејство со уште деца.
5. Никол Кидман
Од моментот кога се венчаа Том Круз и Никол Кидман, таа сакаше да роди деца. Но, Никол го изгуби своето бебе кога имаше 23 години и имаше спонтан абортус на крајот од бракот со Том Круз. Тоа беше неверојатно трауматично за неа и јавно ја сподели својата тага. Денес таа има 2 посвоени деца и 2 деца со Кит Урбан, од кои едното е зачнато преку сурогат-мајка.
6. Пинк
Во текстовите на нејзината песна, „Happy“, Пинк пишуваше не само за нејзината несигурност за телото, туку и за првиот спонтан абортус што го доживеа на 17-годишна возраст. Бидејќи беше млада, се чувствуваше огорчено и дека не успеа да ја исполни нејзината улога и одговорност како мајка. Оттогаш Пинк имаше неколку спонтани абортуси и смета дека е важно да зборуваме за тоа од што се срамиме, кој сме всушност и за болните работи.
7. Витни Хјустон
Витни Хјустон ги потврди гласините дека имала спонтан абортус за време на снимањето на филмот „Телохранител“. Во интервју за Барбара Волтерс во 1993 година, таа опиша дека е тоа искуство е многу болно, емоционално и физички. Следниот ден таа се врати на сетот и сè беше готово. Но, една година подоцна ја роди Боби Кристина, за што се чувствуваше благословена.
8. Гвинет Палтроу
Актерката откри дека имала спонтан абортус кога била бремена со своето трето дете. Нејзините деца постојано велат дека сакаат да имаат уште браќа и сестри. Но, таа имаше навистина лошо искуство кога беше бремена со своето трето бидејќи работите не одеа како што треба и таа за малку ќе умреше. Но, добрата работа е што Гвинет знае дека таа е веќе најсреќната мајка досега со 2-те деца што досега ги има.
9. Кортни Кокс
Како и нејзиниот лик Моника во Пријатели, и Кортни Кокс се соочи со проблеми со плодноста. Имала повеќекратни абортуси пред да ја роди нејзината ќерка. Кокс откри дека забременила прилично лесно, но бременоста била тешка. Еден од нејзините спонтани абортуси се случил непосредно пред ликот на Рејчел да се породи во серијата и смета дека било голем предизвик да ја заврши својата работа и да ги насмее луѓето.
10. Мараја Кери
Првата бременост на Мараја Кери со Ник Кенон заврши со спонтан абортус. Тие беа подготвени да им ја соопштат веста на пријателите и семејството, но открија дека таа веќе не е бремена. Веста ги потресе двајцата и ги однесе на место кое беше навистина темно и тешко. Во тоа време, таа не беше во можност да разговара со никого за тоа.
Која е пораката од нивните приказни
Од овие приказни, можеме да видиме дека спонтаниот абортус може да се случи на секоја жена без тоа да е нејзина вина. Тажните родители исто така можат да се утешат знаејќи дека повеќето спонтани абортуси се јавуваат затоа што фетусот не се развива нормално, што може да се случи сосема случајно, а не поради проблеми наследени од родителите. Иако искуството е неверојатно тажно, родителите треба да имаат вера и надеж дека следната бременост ќе биде успешна и ќе го донесе нивното дете на светот.