Нема ништо поубаво до средбата и запознавањето на нови луѓе, кои ни даваат нова енергија и ни покажуваат друга перспектива на животот. Токму за оваа цел, важен е и првиот впечаток, а во продолжение ви откриваме 5 супер едноставни психолошки трикови како лесно да привлечете нови пријатели и да им се допаднете на сите!

1. Не бидете премногу самокритични

Да, често повеќето од нас мислат дека не се доволно добри или забавни во очите на другите луѓе. Но, добрата вест е дека сето тоа е само во вашата глава, а на луѓето всушност им се допаѓате многу повеќе отколку што мислите. Размислете, никој не е должен да комуницира со вас, а штом луѓето се дружат со вас, значи им се допаѓате!

2. Не се плашете

Средбата и запознавањето со нови луѓе може да биде вистински предизвик, а за некои и непријатно доживување. Целата поента е вусшност да не се трудите премногу, односно колку повеќе ќе сакате да бидете забавни и комуникативни, толку помалку бидете, па затоа најдобриот совет е едноставно да се опуштите и да бидете природно свои.

3. Излезете!

Добро, спремни и подготвени сте за комуникација и запознавање. Но, можеби се прашувате каде да запознаете нови луѓе? Едноставно треба да излезете, но и не само тоа, туку и да се вклучите во некои активности, како курсеви, семинари, забави, каде може да наидете на многу луѓе. Не се плашете од овој предизвик,

4. Направете го првиот чекор

Откако ќе почувствувате дека сте спремни да создадете нови пријателства, тогаш слободно влезете во „рингот“. Искоритете и имајте ги на ум претходните наведени психолошки трикови и не плашете се први да започнете комуникација со нова личност. Без разлика дали станува збор за потенцијален пријател или некого на кого гледате за потенцијален партнер, направете прв чекор. Луѓето секогаш се воодушевени од оние кои први преземаат иницијатива!

5. Не им судете веднаш на луѓето

Најчесто се вели дека кој суди, тој губи. Ние луѓето неретко сме склони на луѓето да им судиме според надворешениот изглед и првиот впечаток што го оставаат. Но, многу пати всушност оние кои не ви изгледаат интересно на прв поглед, може подоцна да ви станат најдобри пријатели. Затоа, оставете простор времето да покаже одредени работи.