Доколку обожавате да печете тесто, десерти и слично, но сметате дека вашата фантазија и креативност е исцрпена, тогаш следните 10 фантастични кулинарски идеи се идеалните да ги пробате!

1. Вкусна јаболкова решетка

Распространете го тестото и исечете го како што е покажано долу на фотографиите. Додадете ги изренданите јаболка и завиткајте го тестото.

2. Бисквити во форма на копчиња

Земете обично капаче од пластично шише и со негово притискање кон тестото, формирајте ги бисквитните копчиња.

3. Колачи во форма на зајчиња

Користете ножици за да ги обликувате формираните топчиња од тестото како што е покажано на фотографијата. Ушите се готови, а потоа само едноставно направете ги и очите.

4. Цвет од лиснато тесто со мармалад

Исечете парчиња од лиснатото тесто и внатре поставете сини сливи, споете го тестото како што е покажано на фотографијата и исечете. Испржете во врело масло за готвење, а на крај цветовите украсете ги со слатко.

5 „Зебра“ колач

Неопходно е да ја поделите смесата за колачот на два дела, вообичаениот дел, а во вториот дел да додадете какако. Исипете ја смесата по редослед како што е покажано на фотографијата, а потоа поставете го колачот да се пече.

6 Мафин-подлога за сладолед

Исипете ја смесата за мафини во соодветен калап, но не ги полнете корпите до крај, туку до половина. Во продолжение погледнете ги прекрасните резултати.

7. Црно-бели кроасани

Подгответе два вида на тесто, вообичаено бело и тесто со какао. Поставете ги двата вида едно врз друго, исечете ги и формирајте кроасани.

8. Маргарити со слатко

Исечете „маргарити“ од тестото со пластични форми за цвет, а потоа истите поставете ги во калапите за мафини, додадете го внатре вашето омилено слатко и откако ќе ги испечете, на крај додадете шеќер во прав.

9.Мини пици

Премачкајте го тестото со кечап, додадете го сирењето (а може и кашкавал) и шунка и завиткајте во форма на ролат. Исечете го ролатот на еднакви парчиња и поставете да се печат.

10. Огромна љубов

Од многу мали формирани срциња, еве каков извонреден резултат може да добиете!