На секој му се случило моментално да се соочи со болка, а во домот да нема соодветен медицински лек. Еве кои се одлични лековити и едноставни алтернативи за таквите ситуации.

1. Изедете парче темно чоколадо за да го смирите воспаленото грло

Според научниците, темното чоколадо функционира подобро од сирупите или било кои апчиња, бидејќи благодарение на какаото што влегува во неговиот состав, поефикасно ја намалува фреквенцијата на кашлање.

2. Пијте повеќе вода за да ги намалите симптомите на мигрена

Благите главоболки и потешките мигрени најчесто се резултат на дехидрација. Затоа на нашиот организам му е потребно одредено количество на вода за да се врати во нормала.

3. Консумирајте куркумин да ја спречите болката предизвикана од воспаление

Додадете куркумин (прехрамбен адитив од куркума) или едноставно мелена куркума на вашето јадење, ако се соочувате со воспаление, бидејќи куркумата има одлични анти-воспалителни својства.

4. Истегнете ги рацете за да ја намалите болката во грбот

Протегнувањето ја намалува тензијата и болката во нашите мускули и ја подобрува нашата физичка кондиција.

5. Вдишете есенцијални масла за да се ослободите од главоболката

Нанесете 2-3 капки од есенцијално масло по ваш избор, на парче ткаенина и вдишувајте ја аромата или пак наместо на парче ткаенина, нанесете ги капките директно на челото. Ова ќе ви помогне да се опуштите и релаксирате, при што анксиозноста или главоболката ќе исчезне.

Највеќе се препорачуваат миристе на лаванда, нане, рузмарин и камилица.

6. Чај од нане за смирување на забоболка

Чајот од нане се смета дека има антибактериски својства, како и својства кои делуваат како лек за неутрализирање на точките кои ја предизвикуваат болката.

7. Сол од магнезиум сулфат за намалување на болката во коските и зглобовите

Додадете 2 шолји од солта во вода и релаксирајте се во оваа купка 15 минути.

8. Излезете на прошетка да ги ослободите ендорфините во организмот, кои се борат против болката

Физичката активност, како шетање или вежбање, ги ослободува ендорфините или мозочните хемикалии, кои ја редуцираат успешно болката.

9. Консумирајте банана за намалување на менструалните болки

Менструалните грчеви знаат да бидат многу болни, па за да се ослободите од нив, консумирајте банана, која е богата со калиум и витамин Б6, кои спречуваат да ја задржуваме водата во организмот и ја намалуваат болката.

10. Нанесете топло парче ткаенина за да се ослободите од стомачните грчеви

Затоплете шише со вода или пак парче ткаенина и поставете го врз стомакот. Топлината ќе помогне да се намали болката и неудобното чувство што го предизвикуваат грчевите.