Модните трендови се менуваат со брзина на светлината и иако не можеме да се откажеме од нашите омилени парчиња кои најмногу ги носевме во текот на 2019-та година, сепак, според модните експерти, многу од нив веќе нема да бидат во мода.

Во продолжение погледнете кои 10 трендови, што беа популарни изминатата година, нема веќе да бидат во мода:

1. Школки

Школките доминираа во накитот за 2019-та година. Ги видовме на обетки, ѓердани, нараквици, па дури и на чантите и паричниците. Оваа година, тие ќе направат простор за класичните и елегантни бисери.

2. Збогум сламени шапки, добредојдовте бејзбол капи!

Додека минатата година, сламаните капи беа на врвот на листата, во 2020-та година најмногу ќе се носат бејзбол капи.

3. Сламени чанти

Сламеното дефинитивно веќе нема да биде во мода, а љубителите на чанти ќе мора да инвестираат во друг тип на дизајн.

4. Чевли со отворена потпетица

Што се однесува до обувките, можеме да се збогуваме со уникатните чевли кои се се отворена потпетица. Сандалата со квадратни изглед е таа што ќе ја видите насекаде во 2020-та година.

5. Риги

Ригите беа апсолутен успех во 2019 година, особено шарените. Но, оваа година најмногу ќе гледаме парчиња со бран од секакви бои, во најразличен опуштен облик.

6. Неутрални тонови

Наместо пастелните и неутрални, оваа година ќе уживаме во неонските тонови.

7. Широки панталони

Тие ќе останат популарни, но ќе добијат нов изглед како исечени фармерки со уникатна текстура.

8. Леопардска шара

Моднтие експерит веруваат дека парчињата со шара на зебра ќе бидат најпопуларни во 2020-та година

9. Широки фармерки

И оваа година широките фармерки ќе бидат во мода, но во поразлично издание. Со висок струк и кои наликуваат на ретро траперките.

10. Природни материјали

Оваа година ќе вратиме на заборавениот материјал: Органза, лесна и транспарентна ткаенина што ќе направи да се чувствувате убаво и весело во текот на летото.