Експертите сметаат дека мачките се поврзани со паралелниот свет, до кој обичните луѓе немаат пристап и токму затоа со нивната енергија и боја на крзно, влијаат врз судбината на самите сопственици.

Еве како вашата мачка влије врз вас и вашиот дом, во зависност од бојата на нејзиното крзно:

1. Бела

Белата е симбол на здравјето и долговечноста, при што белите мачки се сметаат за исцелители. Доколку имате бела мачка, можеби сте забележале дека кога не се чувствувате добро, таа седнува во вашиот скут. Сега знаете и зошто.

2. Со риги

Овој вид на мачки се најмногу среќавани, а нивната боја зборува за многу силна врска со другиот свет. Тие на нивните сопственици им ја пренесуваат моќта на интуицијата и како секогаш да го направат правилниот избор.

3. Портокалова

Портокаловите мачки се верува дека ја носат самата енергија на Сонцето. Тие ќе донесат богатство во домот.

4. Сива

Иако сивите мачки изгледаат кротко и незабележително, всушност нивната мисија е најважната. Тие внесуваат љубов и мир во домот, ги смируваат негативните енергии, а сопствениците ги очекува хармонија и стабилност со овие миленици.

5. Со три бои

Овој вид на мачки внесуваат огромна среќа во домот, при што дури и ги спречуваат сите непријатности. Ја зголемуваат хармонијата, но и финансиските добивки.

6. Црна

Иако многумина црната мачка ја поистоветуваат со нешто негативно, всушност доколку поседувате црна мачка, бидете сигурни дека сте добиле огромна заштита. Црната мачка ќе го заштити вашиот дом од зли духови и проклетства.