Многу истражувања упатуваат на голем број здравствени придобивки што доаѓаат со консумирањето кафе поради неговата голема количина на антиоксиданти, но исто така може да развиете и зависност доколку претерате во неговото пиење.

Во основа, доколку се консумира на вистински начин, кафето може да биде навистина добро за вас.

За да извлечете максимум од вашето кафе, денес со вас споделуваме неколку навики кои со сигурност ќе го подобрат вашето здравје и ќе го зајакнат вашето тело

1. Обидете се со „огноотпорно“ кафе

Огноотпорното кафе е рецепт при кој додавате несолен путер и кокосово масло во вашата редовна шолја кафе. Звучи чудно и необично, но многу луѓе се едногласни  дека е овој трик го прави кафето кремасто и вкусно. Исто така, овој пијалок станува хранлив оброк, што е добра вест за оние кои не сакаат да појадуваат наутро, но не можат да одбијат шолја кофеин кога ќе се разбудат. Се верува дека ваквото кафе го зголемува добриот холестерол при спуштање на триглицериди, затоа следен пат насладувајте се на новиот рецепт.

2. Внимателно со шеќерот

Идеално, сите ние треба да пиеме кафе без додаден шеќер или засладувач од било кој вид, но повеќето ја имаат сосема спротивната навика. Шеќерот е една од најштетните состојки во современата исхрана и затоа дефинитивно треба да консумираме умерено. Обидете се да додадете нешто поприродно како ванила или стевија во вашето кафе. Ако сè уште копнеете по шеќер, обидете се барем да ја намалите редовната количина на половина.

3. Избегнувајте кофеин по 14 часот

Кафето е стимулативен пијалок, што е една од причините зошто овој ароматичне напиток е толку популарен. Недостатокот од неговата консумација е тоа што може да ви го наруши распоредот на спиење. Можете да консумирате 2-3 шолји кафе наутро, но избегнувањето на кафе по 14 часот е паметен чекор, особено доколку веќе се чувствувате поспано. Може да се префрлите на консумирање шолја чај за да вечерта имате квалитетен сон.

4. Додадете цимет или какао во вашата шолја кафе

Додавањето какао на вашето кафе не е само одлично за зголемување на антиоксидантите во вашиот пијалок, туку исто така е корисно со цел да се намали количината на шеќер што сте ја додале во шолјата. Мока кафето, кое е еден вид мешавина од кафе со вкус на чоколадо, е популарен избор во рестораните низ целиот свет.

Истото важи и со циметот, кој се смета за  антиоксидантна „супер храна“ која не само што е неверојатно корисна за вашето здравје, туку додава и лут вкус на вашето кафе. Но, внимавајте да не претерате со неговото количество.

5. Не дозволувајте вашиот појадок да биде само шолја кафе

Пиењето кафе на празен стомак не е најдобрата идеја. Доколку не сте јаделе ништо, кафето може да ја оштети поставата на вашиот стомак и да предизвика ефекти како што се стомачни киселини и побрза дигестија. Исто така, може негативно да влијае на вашиот нервен систем со интензивирање на симптомите на вознемиреност. Во секој случај, доколку не претпочитате да имате целосен појадок, барем земете мала ужина пред да се напиете кафе.

6. Избегнувајте нефилтрирана вода

Бидејќи ја вариме водата за да направиме кафе, не размислуваме дали водата е филтрирана или не. Не само што кафето приготвува со филтрирана вода има подобар вкус, туку исто така не содржи штетни тешки метали од стари цевки или вишок на дезинфекција на хлор, што се користи за деконтаминација на водата. Најдобро е да изберете филтрирана вода пред вода од чешма за подготовка на вашето кафе.

7. Обидете се да се префрлите на бадемово млеко (или друга алтернатива за млечни производи)

Доколку редовно консумирате кафе и имате тенденција да пиете повеќе од 1 или 2 шолји на ден, најдобро е да го ограничите количеството млеко што пиете. Премногу млеко може да предизвика непријатни гастроинтестинални симптоми и да ја зголеми вашата тежина. Може да пробате поздрави, млечни производи, како што е бадемово млеко, за природно кремаста алтернатива на кравјото млеко. Секогаш можете да го пиете и во класичната форма, чисто црно, по ваша желба.

8. Намалете го внесот на кофеин

Кафето лесно може да се претвори во завиност, па затоа најдобро е да не се консумира во прекумерени количини, за да се соочите со несакани последици. Доколку пиете претерано многу кафе, тогаш обидете се да го намалите на половина неговиот внес.

9. Не наседнувајте на нискомастените вештачки кремови

Ниско-масни, вештачки кремови и сирупи често се рекламираат како поздрави опции за збогатување на вкусот на кафето. Вистината е дека овој тип на производи се преработени и може да содржат несакани хемиски состојки. Држете се до природни произовид како што е растителното, органско, кравјо млеко.

10. Насочете се кон органските производи

Органските производи секогаш се најдобриот избор и ниту кафето не е исклучок. Вообичаените зрна кафе може да содржат штетни траги на пестициди и синтетички ѓубрива. Сертифицираното органско кафе кафе е подобро за вашето здравје и за животната средина, затоа размислете за преминување кон позелена алтернатива.