Депресијата е често нешто што не се гледа, не се препознава, не се дијагностицира. Лице кое има скриена депресија е лице кое се бори против неговите внатрешни демони на начин кој не е премногу очигледен во очите на останатите, па дури ни за најблиските.

Проблемот е што светот станува многу темно место кога ќе престанеме да бидеме отворени и да имаме разбирање за останатите. Честопати мислиме дека секој својата болка ја искажува на директен и отворен начин, но, најтешките од таквите болки се оние што не можат да се видат, кои не се откриваат,

Скриената депресија може да се препознае според следниве навики кај една личност:

1. Се обидува пред сите да изгледа среќно и задоволно

Скриената депресија е измама. Не е точно дека депресивните луѓе мораат да се однесуваат депресивно. Депресијата не е само расположение. Луѓето кои се во депресија понекогаш се обидуваат да изгледаат среќно кога се меѓу луѓето, без оглед што се случува внатре во нив.

2. Повремени лекови

Постои лек за депресија. Но, освен тоа, депресивните луѓе можат да имаат одредени животни навики кои им помагаат да се справат со депресијата. Тоа може да биде одредена музика, шетање, возење, вежбање или што било друго што им помага да се справат со своите емоции.

3. Можни проблеми со напуштање

Депресијата е голем товар. Не само за личноста која страда, туку и за луѓето околу неа. Понекогаш луѓето бегаат кога ќе им ги откриете нивните маки и болки. Иако е тешко да се обвинат за таа одлука, тоа создава големо чувство на напуштеност кај депресивна личност. Ова создава потреба за одвојување од најблиските и потреба да се сокријат состојбите и чувствата. Нема ништо полошо од тоа да му го покажете на некој најлошиот дел од самите вас и таа личност да ви сврти грб.

4. Професионализам кога станува збор за изговори

Депресивната личност може да биде одлична во лажење и измислување приказни за своите постапки или чувства, од исеченици на рацете до причини зошто не можат да јадат. Многу депресивни луѓе минуваат низ разни тешкотии што им пречат во секојдневниот живот. Кога ќе се појави ова одвлекување на вниманието, тие знаат што да кажат за да го свртат вниманието на луѓето околу нив од нив.

5. Скриената депресија резултира со невообичаени навики во исхраната и спиењето

Иако ова изгледа како мал фактор, всушност има големо влијание. Луѓето со депресија често покажуваат многу суптилни знаци на депресија. Примери за ова се премногу спиење или малку спиење. Исто е и со јадењето. Депресивните луѓе понекогаш имаат тенденција својата емоционална болка да ја ублажат со прекумерено јадењ на нивната омилена храна. Јадењето и спиењето се клучни здравствени фактори, но тие се и елементи што човечкиот ум може да се обиде да ги контролира. Депресијата создава чувство на недостаток на контрола, па дури и мали случаи на контрола можат да бидат единствената поддршка за депресивна личност.

6. Познавање на влијанието на различните супстанции

Депресивните луѓе многу добро знаат што да внесат во нивното тело. Тие знаат дека алкохолот поттикнува депресија и дека честиот алкохолизам може да доведе до услови со кои не можат да се справат. Тие знаат дека кофеинот и шеќерот се добри за нивното расположение. Знаат кој лек какво влијание има. Тие знаат што не е добро да се земе заедно. Тие го знаат сето ова бидејќи промената на нивната ментална состојба е многу поголем проблем за нив отколку за другите луѓе.

7. Развиена перцепција за животот и смртта

Не сите депресивни луѓе се склони кон самоубиство. Но, прикриената депресија често вклучува посебни и сложени мисловни процеси за животот. Справувањето со смртноста честопати доаѓа во време на очај. Тоа се случува кога очајно барате одговори на сите животни прашања. Постојано влегување и излегување од тешки состојби на умот може да доведе до почеста појава на такви мисли.

8. Талентираност

Многу од најпознатите и најталентирани музичари, уметници и научници се бореле со тешки ментални состојби. Луѓето кои живеат со депресија што можеби не е видлива за другите, честопати можат да се изразат на неверојатни начини. Тие се во контакт со добрите и лошите страни на нивната душа.

9. Депресивната личноста бара цел

Секој сака да има цел во животот. Ние сакаме да знаеме дека се движиме во вистинската насока. Луѓето кои се борат со депресија го сакаат истото и затоа се обидуваат да заситат нешто во себе што е незаситно. Чувството на страв и недоволност честопати им паѓа на ум. Тие честопати се обидуваат да направат нешто што им недостасува одвнатре со своите постапки и живот. Така, тие честопати ја менуваат насоката. Можеби се премногу фокусирани на потрагата по вистинска среќа, па затоа постојано бараат нешто повеќе.

10. Суптилни повици за помош

Дури и личноста која живее со ваков товар некогаш ќе се обиде да побара помош. Честопати е лесно да се занемари суптилен повик за помош од некој од кој тоа не го очекувате. Понекогаш луѓето ќе се обидат отворено да бараат помош. Тие моменти се клучни. Овие моменти создаваат мост помеѓу луѓето со различни чувства и различни умови. Тие создаваат врска и доверба помеѓу пријателите и партнерите што не е лесно да се создаде кај луѓето кои сметаат дека треба да ги сокријат своите вистински чувства.