Дури и само со основни познавања за прва помош, вие можете буквално да спасите нечиј живот, вклучувајќи го и вашиот сопствен.

Доколку се соочувате со критична ситуација, најдобро е во тој момент да се целосно подготвени и да знаете што треба да направите, за да си помогнете или да помогнете некому.

За таа цел, потребно е да ја знаете разликата меѓу тоа кои работи имаат дејство на прва помош, а кои не. На пример, кога станува збор за крварење, обична газа завој може да биде поефикасна од турникет.

Во продолжение следуваат неколку техники, кои еден ден можат да ви го спасат животот

1. Рани

Секогаш кога се соочувате со рана, обидете се да ја кренете повредената област над нивото на срцето. Тоа го намалува отекувањето и помага за истекување на непотребната течност од раната. Доколу раната се наоѓа на бутот или задните делови, тогаш легнете во хоризонтална положба и со помош на перници, кренете ја повредената површина. Доколку не можете да ја кренете истата над срцето, тогаш барем обидете се да ја приближите на исто ниво.

2. Изгореници од прв степен

Првиот степен на изгореници, познати како површински изгореници, го опфаќаат само горниот слој од кожата. Иако може да се случи да се пропратени со болка, ваквите оштетувања на кожата, не се сериозни. Само треба да бидат третирани со топла вода, а во ниту еден случај со студена, бидејќи на тој начин може да предизвикате поголеми оштетувања на ткивата.

Откако ќе го измиете изгореното место, нанесете лед. Иако долго време популарен метод беше нанесувањето масло или маст на изгорениците, тоа само може дополнтелно да ги влоши, бидејќи масните текстури само го забавуваат отстранувањето на топлината од раната.

Истовремено и содата бикарбона со вода може да ви послужи како алтернатива за процесот на ладење.

3. Срцев удар

Доколку имате срцев удар, потребна е брза реакција. Колку побрзо реагирате, толку поголеми се шансите за избегнување на посериозни последици. Во тој случај, од голема помош ќе ви биде жвакањето на аспирин, бидејќи тој ефикасно ги спречува тромбоцитите кои се одговорни за згрутчувањето на крвта. Важно е да земете аспирин во мали дози и да го жвакате, наместо да го испиете со вода. Така тој побрзо ќе започне да дејствува. Воедно и колку што е најбрзо возможно, повикајте брза помош.

4. Убоди од пчела

Доколку сте каснати од пчела, најпрво треба да го отстраните жилото што останало во вашата кожа. Се смета дека колку побрзо тоа го направите, присуството на отровот ќе биде значително помало, во зависност од тоа колку брзо сте реагирале.

Жилото отстранете го со помош на пинцета или користејќи ги вашите нокти. Потоа измијте ја раната со ладна вода, а доколку сте склони кон алергии, потребно е веднаш да ги употребите соодветните лекарства и веднаш потоа да побарате лекарска помош.

Прочитајте и: Совет од еден пчелар: „Доколку ве касне пчела, оса или стршлен- ова ќе ве спаси од болка и отекување“

5. Скршеници

Доколку имате скршеница, не се обидувајте на ниту еден начин да ја поправате истата или грубо да го допирате повреденото место. Потребно е истото да не го движите и да го оставите во една иста положба. Воедно со цел да избегнете посериозни последици, не ја занемарувајте лекарската помош, која задолжително треба да ја побарате.

6. Повреди на очите

При повреда на очите, инструкциите за прва помош најчесто ни советуваат истите прво да ги измиете. Но, всушност доколку ги повредите вашите очи, најважното е веднаш да ги покриете со нешто и итно да побарате помош. Кога се обидувате да ги исчистите сопствените очи, ризикувате уште повеќе да ги оштетите, а последиците можат да бидат трајни.

Единствен исклучок од ова правило кога вашите очи дошле во допир со хемикалии, при што се надрзанети. Во тој случај, очите веднаш треба да се измијат со вода.

7. Убоди од змии

Во филмовите, кога личноста е касната од змија, првата реакција на луѓето околу неа е да го извлечат отровот од кожата. Всушност, при убодот, отровот веќе е навлезен во крвниот систем на жртвата и тоа нема да биде од никаква помош. Доколку сте каснати од змија, најважно е прво да се опуштите. Потребно е да го забавите срцето, така ќе го спречите отровот да не се шири толку брзо. Не можете да примате лекарства против болка, бидејќи тие можат да придонесат за побрзо распостранување на отровот. Наместо тоа веднаш побарајте лекарска помош, за да го добиете соодветниот протиотров. Доколку треба да отидете до брзата помош, во ниту еден случај не трчајте, не одете брзо, туку движете се бавно, за да го смирите пулсот.

8. Изгореница од медуза

Изгорениците од медуза можат да го расипат прекрасниот ден на плажа. Може да се обидете со миење на раната со сол или топла вода, оцет или пак, нанесување смеса од сода бикарбона и вода на повреденото место.

Најверојатно имате слушнато за популарниот мит на уринирање врз изгореницата, но урината не содржи доволно киселост за да се спротистави на отровот од медузата. Топлата вода ќе ја намали болката подеднакво ефикасно како што тоа би го направила урината.

9. Длабока посекотина

Откако сте се исекле, најверојатно ќе се загрижите да не остане белег. За таа цел, постои една работа, која може да се направи, да ја избегнете појавата на лузна. Сода бикарбоната е одлично средство за дезинфекција, кое го спречува образувањето на белег, ја омекнува настанатата тврда текстура на кожата и го спречува настанувањето на инфекција. Кога ја третирате раната со сода, важно е истата да ја држите отворена. Дополнително, растворот на содата во вода е исто така е ефикасен антисептик.

10. Тешко дишење

Доколку човек не може да дише, најверојатно неговите дишни патишта се блокирани од нешто. Свртете го на грбот, проверете ја устата и остранете сè, што може да го попречува дишењето, вклучувајќи и течност. За да ги исчистите горните дишни патишта, наведнете ја главата кон назад и кренете ја брадата нагоре, притоа раката да ви биде поставена на челото. Вратот треба да остане неподвижен. Тоа ќе ви помогне јазикот да отстапи од грлото и воздухот да започне да се движи низ дишните патишта. Држете ја главата наведната кон назад, сè додека истите не се целосно слободни.