Речиси секој дом е полн со собни растенија. Дрвото на парите, темјанушки и се подразбира, алое вера. Иако истото може да служи како прекрасна декорација, всушност неговата улога е многу специјална.

Уникатните лековити својства на алое вера

Алоето е како една аптека: Најпрво, исклучително брзо помага за заздравување на рани, надразнетост на кожата и исекотини. Исто така, подеднакво чудесно помага и за козметичките цели. Со текот на времето, преку разни истражувања, е откриено дека ова волшебно растение може да го заштеди и нашиот пат до забарот.

Најпрво, неопходно е растението да биде старо најмалку 3 години, за да неговите листови бидат лековити. Второ, се користат само долните листови, бидејќи имаат најгуста текстура и содржат повеќе хранливи вредности.

Алое за непцата

Сокот од алое вера содржи природни антибиотици – фитонциди, на што растението ги должи неговите моќни антибактериски и противгабични својства, како и антивоспалителен ефект. Затоа сокот од алое вера се користи против гингивит, парадонтит и рани по усната лигавица.

Алое за забите

Ова растение е идеално за плакнење на устата, за елиминирање на бактериите, а исто така ефикасно се бори и против наслагите и забниот камен. По миењето на забите, се препорачува забите да ги истриете со лист од алое вера, за целосна нивната чистота и заштита.

Внатрешна употреба

Сокот покрај за надворешна употреба, е одличен и за внатрешна. Ефикасно се бори против анемија, го намалува нивото на шеќер во крвта, го забавува стареењето, дури се користи и против алергии. Покрај во креми и шампони, се користи и како додаток во разни јадења.