Изгорениците од сонце се честа појава поради летните горештини. Колку и да се обидуваме да се заштитиме понекогаш се случува нашата кожа да страда. Овој рецепт ќе Ви помогне да ги ублажите изгорениците и да ја разладите врелата кожа.

Состојки:

– Шолјa млеко
– Коцки мраз
– Чиста памучна ткаенина
– Сад

Се што е потребно да направите е да го ставите млекото и мразот во сад и потоа памучната ткаенина да ја потопите, а потоа да ја нанесете на телото. Менувајте ги почесто облогите. Белковините од млекото ќе и помогнат на кожата да се регенерира, додека мразот ќе ја разлади кожата.