Потребни состојки:

400 грама урда

4 јајца

20-30 грама пармезан

1 лажица пченкарно брашно

50 мл обезмастено млеко

1-2 домати

сол и суви зачини по вкус (копар, кромид, целер)

Начин на подготовка:

Вклучете ја рерната да се загрева на 200 степени.

Измешајте ја урдата со јајцата, додадете пармезан (рендан) и посолете.

Брашното измешајте го со млекото, потоа измешајте со урдата.

Ставете го во тава со дијаметар од околу 20 сантиметри (најдобро е да користите силиконска, ако немате таква подмажете со масло и посипе со гриз, двопек или лебни трошки).

На крај ставете ги доматите исечени во кругови и посипете со зачини и малку сол.

Печете во загреана рерна околу 35 минути.

Добар апетит!